ММФ: И покрај корона-кризата, Народната банка продолжува со значаен прогрес во сферата на статистиката


Непрекинатото навремено објавување на квалитетни статистички податоци и во специфичните околности наметнати од пандемијата на Ковид-19 е клучно за економијата, особено заради носењето соодветни одлуки на економските субјекти и соодветно димензионирање на политиките и мерките. И покрај корона-кризата, Народната банка продолжи да остварува значаен напредок во сферата на статистиката, со клучни залагања за спроведување на …

ММФ: И покрај корона-кризата, Народната банка продолжува со значаен прогрес во сферата на статистиката Read More »

Исплата на октовриските пензии од 27 октомври


Владата на денешната 13-та седница им препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите со октомвриските пензии да може да располагаат од 27 овој месец. Како што информира владината Прес-служба, Владата ја разгледала и усвоила Информацијата за исплата на пензии за октомври 2020 година и го задолжила Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија …

Исплата на октовриските пензии од 27 октомври Read More »

Кои македонски компании имаат најдобра пракса за безбедност и здравје при работа?


Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска ги додели плакетите на трите најдобро рангирани компании во нашата држава согласно Националната награда на компанија со најдобра пракса за безбедност и здравје при работа за 2020 година. Изборот беше во организација на националниот Совет за безбедност и здравје при работа, со поддршка од страна на …

Кои македонски компании имаат најдобра пракса за безбедност и здравје при работа? Read More »

Народната банка контра Костовски: Нема да дозволиме банка да работи спротивно на закон


Народната банка денес ги отфрли како целосно неточни тврдењата на Трифун Костовски, еден од сопствениците на Еуростандард банка која сега е во стечај, кој вчера во емисијата „Студио 10“ на ТВ24 ја обвини централната банка дека не ги искористила сите алатки за стабилизација на банката и за свесно носење на банката во стечај. Притоа Костовски …

Народната банка контра Костовски: Нема да дозволиме банка да работи спротивно на закон Read More »

Во 2019 година 40,1 отсто од вкупните потреби за енергија обезбедени од домашни извори


Во текот на минатата 2019 година 40,1 отсто од вкупните потреби на енергија во земјава се покриени од домашно производство. Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното бруто-примарно производство на енергија во 2019 година изнесува 1.128.759 toe (еквивалент на енергија на тон од нафта) или 40,1 отсто од вкупно потребната енергија која изнесувала 2.814.316 toe. …

Во 2019 година 40,1 отсто од вкупните потреби за енергија обезбедени од домашни извори Read More »

Поддршка за економијата, но и структурни реформи, порачале од ММФ на онлајн состанок со Ангеловска-Бежоска и Бесими


Последиците од ковид-кризата врз економијата се видливи, но во голема мера ублажени преку навремените и соодветни монетарни и фискални мерки. Последно расположивите податоци покажуваат значително подобрување на состојбата на економијата, но јасно е дека неизвесноста е особено изразена. Ова е карактеристично за вкупната глобална економија, чие закрепнување се потпира на фактори поврзани со јавното здравје …

Поддршка за економијата, но и структурни реформи, порачале од ММФ на онлајн состанок со Ангеловска-Бежоска и Бесими Read More »

На Маврово и Шапка ќе скијаат гости од Украина и од Белорусија


По белоруските и украински тур-оператори изминатите неколку дена престојуваа во посета на земјава. За време на информативното патување, 15-тина тур оператори од Украина посетија неколку зимски центри и се информираа за можностите за зимски туризам кои ги нудат. Нивната посета се заокружи со синоќешната презентација во Маврово на потенцијалите на туризмот во земјава што ја …

На Маврово и Шапка ќе скијаат гости од Украина и од Белорусија Read More »

Шведска забрани кинески компании да учествуваат во изградба на мрежата 5Г


Шведска им забрани на кинеските телекомуникациски компании „Хуавеј“ и ЗТЕ да учествуваат во изградбата на 5Г- мрежа на нејзина територија од безбедносни причини. Забраната е во согласност со новото законодавство што стапи на сила во јануари 2020 година, чија цел е да се осигура дека употребата на радио опрема од овие структури не ја загрозува …

Шведска забрани кинески компании да учествуваат во изградба на мрежата 5Г Read More »

Бектеши – Мартенс: Најави за нови германски инвестиции и проширување на постојните


Германски компании се заинтересирани за отворање фабрики во земјава идната година, а оние што се веќе тука присутни, по КОВИД кризата планираат зголемување на инвестициите, па дури и удвојување, соопштија по денешната средба министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Германското стопанство, Патрик Мартенс. Бектеши го информирал Мартенс за четвртиот пакет економски мерки, но …

Бектеши – Мартенс: Најави за нови германски инвестиции и проширување на постојните Read More »

Евростат: Македонија во вториот квартал само со 2.738 авиопатници, дури за 600 илјади помалку од лани


Пандемијата на коронавирусот речиси целосно го запре патничкиот сообраќај во Европа во вториот квартал од оваа година. Како што јави дописникот на МИА од Белград, според податоците на Евростат, бројот на патници на летовите во скоро сите земји на ЕУ се намалил во тој период за 97-98 отсто, во споредба со истиот период минатата година. …

Евростат: Македонија во вториот квартал само со 2.738 авиопатници, дури за 600 илјади помалку од лани Read More »

Стопанството бара итно да се изгласа ребалансот на Буџетот


Во преработувачката индустрија висат 15.000 работни места доколку навреме не се донесе ребалнсот на Буџетот, алармираат од Организација на работодавачи. Ангел Димитров, претседател на Организација на работодавачи за МИА вели дека очекуваат пратениците во Собранието што е побрзо да го изгласаат ребалансот, бидејќи во него се предвидени средства за субвенции на платите на работниците за …

Стопанството бара итно да се изгласа ребалансот на Буџетот Read More »

(Во живо) Изјави на Бектеши по средбата со Мартенс


– Министерот за економија Крешник Бектеши оствари работна средба со Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија. https://www.facebook.com/359477174168894/videos/348561166257542/?__tn__=F

Ејуп Рустеми од „Пошта“ заминува во Државни патишта на местото на Зоран Китанов


Еуп Рустеми, досегашниот директор на Македонска пошта ќе биде новиот директор на Јавното претпријатие за државни патишта, соопшти денес премиерот Зоран Заев во одговор на новинарско прашање по меѓународната научна конференција за македонскиот јазик во институтот „Крсте Мисирков“. На денешната седница Владата би требало да назначи директори и на други претпријатија или институции, објасни Заев, …

Ејуп Рустеми од „Пошта“ заминува во Државни патишта на местото на Зоран Китанов Read More »

Европските берзи во пад втор ден по ред


Цените на акциите на европските берзи изгубија од вредноста во вторникот наутро, втор ден по ред, бидејќи инвеститорите се загрижени за немилосрдното ширење на корона вирусот, поради што се повеќе европски земји воведуваат рестриктивни мерки. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции падна за 0,1 процент во 9,30 часот, откако вчера се лизна за 0,3 …

Европските берзи во пад втор ден по ред Read More »

Извештај: Кинеските супер богати се збогатија за 1,5 билиони долари за време на пандемијата


Кинеските супер богати заработија рекордни 1,5 билиони долари во 2020 година, повеќе отколку изминатите пет години заедно, бидејќи е-трговијата и е-игрите за време на блокирањата во пандемијата бележат пик. Дополнителни 257 лица, исто така, се приклучија на клубот милијардери во економијата број два во светот до август, по две години намалено членство, според годишната листа …

Извештај: Кинеските супер богати се збогатија за 1,5 билиони долари за време на пандемијата Read More »

Дали дигиталното евро ќе ги замени банкнотите


Европската централна банка (ЕЦБ) експериментира со дигитално евро што може да се потроши насекаде, без страв дека некој ќе го следи вашето купување. Оваа институција, со седиште во Франкфурт, минатиот понеделник објави прашалник, со цел да открие какви се потребите на јавноста за оваа нова форма на плаќање, откако на 2 октомври извести дека може …

Дали дигиталното евро ќе ги замени банкнотите Read More »

Комуналните претпријатија ќе добијат од државата по една минимална плата за вработените, но и ќе им се отпишуваат камати


Владата во соработка со државните институции ќе се обиде да најде решение за отпис на каматите за долгови што ги имаат јавните комунални претпријатија кон државните институции, а во наредниот период преку еднократна интервентна мерка ќе ги поддржи јавните комунални претпријатија во износ на една минимална плата за вработените, порачал денес премиерот Зоран Заев на …

Комуналните претпријатија ќе добијат од државата по една минимална плата за вработените, но и ќе им се отпишуваат камати Read More »

Со ЕУ ќе преговараме и за паметна специјализација на економијата


Еден од основните предизвици на секоја национална економија е како до поголем економски раст и како да се искористат потенцијалите и конкурентните предности на сите чинители во економијата. Европската унија веќе одамна го воведе концептот Паметна специјализација. Во Земјите од Западен Балкан во моментот се одвива процес на дефинирање на концептот Паметна специјализација, истакна денес …

Со ЕУ ќе преговараме и за паметна специјализација на економијата Read More »

МЕПСО инвестираше 650 илјади евра за реконструкција на трафостаницата Струмица 2


Приоритет на АД МЕПСО е да обезбеди непрекинато снабдување со квалитетна електрична енергија на сите корисници на електропреносната мрежа и доверливо и сигурно работење на елетропреносниот систем. За остварување на оваа цел потребно е перманентно инвестирање во опремата во трафостаниците и далекуводите, порача генералната директорка Ева Шуклева по извршениот увид во реконструкција на трафостаницата „Струмица …

МЕПСО инвестираше 650 илјади евра за реконструкција на трафостаницата Струмица 2 Read More »

Бензините поевтинуваат за половина денар, цената на дизелот иста


Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,41 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59, а ЕУРОСУПЕР БС-98  ќе се продава за …

Бензините поевтинуваат за половина денар, цената на дизелот иста Read More »