НЛБ Банка во соработка со ФИТР ја засилува поддршката за креативните и иновативни старт-ап бизниси


Фондот за иновации и технолошки развој и НЛБ Банка потпишаа Меморандум за соработка, чија главна цел е олеснување на пристапот до финансиски средства за микро, мали и средни претпријатија, вклучувајќи ги и старт-ап компаниите. Имено на компаниите- апликанти за кофинансирани грантови на ФИТР, преку различни кредитни продукти, Банката ќе им обезбеди дополнителна финансиска поддршка во […]

Бензините поевтинуваат за половина денар


За половина денар се намалува цената на бензините од ноќеска на полноќ, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Со тоа, од полноќ, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 67 денари за литар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 69 денари за литар. Новата цена на дизелот ќе биде 56,5 денари за литар. […]

Малите ХЕЦ под засилен надзор на инспекторите за животна средина, ќе се мери и биолошкиот минимум


Директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ана Петровска денеска посочи дека во однос на малите хидроелектрани наскоро планираат сериозна активност каде ќе ги насочат своите ограничени ресурси, бидејќи досега фокусот бил на загадувачите на воздухот.   -Сега во итен рок на сите 94 изградени мали хидроелектрани ќе направиме план за надзор, а особено ќе […]

Петровска: Очекуваме позитивен одговор за планот за вработување на 12 инспектори


Пред околу еден месец го доставивме нашиот план за вработување до Министерството за финансии со кој бараме вработување на вкупно 12 инспектори, со различен ранг, нешто советници, нешто помлади инспектори кои ни се неопходни во Скопје и другите региони, рече на денешната прес-конференција директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ана Петровска.   Од тие […]

АСО: Исплатени над 10 милиони евра штети на осигуреници


Во услови на здравствена пандемија, расте осигурувањето имот кај домаќинствата, компаниите, земјоделците и кај државниот сектор, а вкупната продажба на полиси за осигурување имот лани надмина 30 милиони евра и порасна за пет отсто. Осигурителните компании, вкупно 11 друштва кои продаваат полиси за осигурување имот, лани на своите осигуреници им исплатиле вкупно за штети (бруто исплатени […]

Шест медали од кои едно двојно злато за ВВ „Тиквеш” и „Tikveš Châteaux & Domainеs“ во Кина


Црвеното вино „Т’га за југ“ – берба 2019-та од ВВ „Тиквеш“ доби двоен златен медал на најголемиот и најпрестижен кинески вински натпревар кој се одржа во Хонг Конг – „China Wine & Spirits Awards Best Value 2021“. Покрај ова највисоко признание, со злато се наградени и „Vranec Special Selection“ од бербата 2018-та; „Cabernet Sauvignon Special […]

Ќе поскапат сувомесните производи ако не се дозволи увоз на 6.400 тони замрзнато свинско месо


Месната индустрија најавува драстични поскапувања ако Владата за максимум еден месец не ги врати редовно одобруваните количини од 6.400 тони за увоз на замрзнато свинско месо. Како што беше речено денеска на прес-конференција, освен ценовен шок за домашните потрошувачи, може да се очекува и згаснување на некои од преработувачките капацитети. Отпуштања засега нема, велат преработувачите […]

„Грижи се за себе, грижи се за своите пари“ мото на Глобалната недела на парите


Под мотото „Грижи се за себе, грижи се за своите пари“ (Take care of yourself, take care of your money) од денеска до 28 март во земјава по деветти пат се одбележува Глобалната недела на парите, во организација на Координациското тело на финансиските регулатори за финансиска едукација и финансиска инклузија, во соработка со асоцијациите и […]

Македонско кредитно биро со активности по повод Глобалната недела на пари


Македонско кредитно биро од денеска до 28 март е дел од настанот „Глобална недела на пари“, заедно со над 63.000 организации од 174 држави. Темата на активностите е „Грижи се за себе, грижи се за своите пари“. ГНП е годишна глобална кампања за финансиска едукација на младите луѓе, почнувајќи од најраната возраст, сè со цел […]

ММФ: Постојат изгледи за побрзо закрепнување на економијата


Вакцините и дополнителните финансиски стимулации отвораат изгледи за посилен глобален економски раст во 2021 година, изјави Џефри Окамото, прв заменик-директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). – Во јануари, предвидуваме глобален раст од 5,5 проценти во 2021 година, но има изгледи за посилен и поодржлив економски развој поради дополнителни финансиски стимулации, особено во САД, како и поради изгледите за масовна […]

На крајот на 2020 година, стапката на невработеност 16,4 отсто


Стапката на невработеност во 2020 година била 16,4 отсто, објави Државниот завод за статистика. Според објавените податоци за 2020 година, бројот на активно население во Република Северна Македонија е 950 858 лица, од кои вработени се 794 909, а 155 949 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 56,4 отсто, а стапката […]

Шпанија ќе тестира четиридневна работна недела


Шпанија наскоро треба да го започне пробниот период од четиридневната работна недела предложена од партијата Мас Паис на почетокот на оваа година, и ако тестирањето помине како што треба и идејата целосно прифатена, Шпанија може да стане една од првите земји во светот што ќе примени таков систем. Тестирањето на овој пилот проект ќе започне […]

Пандемијата затвори 2.000 британски пабови


Илјадници британски пабови не ја преживеале пандемијата, според здружението за угостителство, а на оние што преживеале ќе им треба финансиска поддршка „со години ако се опорават“. „Многу пабови повторно ќе отворат со големи долгови“, изјави Дејв Маунтфорд од британскиот паб-форум за Sky News во саботата. Според извештајот, најмалку 2.000 пабови трајно ги затвориле вратите. „Тие […]

Бесими: Унапредување на фискалната децентрализација е во функција на градење подобар систем на јавни финансии и економски развој


Министерот за финансии Фатмир Бесими во колумна објавена на интернет страницата на Министерството се осврнува на фискалната децентрализација: Минатата недела Министерството за финансии ја информираше Владата дека започнува со реформа која ќе ја унапреди фискалната децентрализација во земјава. Предвидено е спроведување на повеќе мерки и активности, кои треба истовремено да го зајакнат фискалниот капацитет на […]

Агенцијата Фич го потврди кредитниот рејтинг на Србија на ниво од ББ+


Агенцијата за кредитен рејтинг Фич го потврди кредитниот рејтинг на Србија на ниво на ББ + и ги задржа стабилните изгледи за негово натамошно зголемување, соопшти Министерството за финансии. Како што јави дописникот на МИА од Белград, министерот за финансии Синиша Мали посочи дека уште еднаш се признати одличните економски резултати на Србија, постигнати пред […]

Столетни маслинови дрвја се корнат во Шпанија за фармерите да ги намалат трошоците


Тешки одлуки за производителите за кои маслиновото масло е семејна традиција   Вековните маслинови дрвја се сечат за да се користат како огревно дрво или се продаваат како градинарски украси, бидејќи некои во шпанската индустрија за маслиново масло се свртеа кон помлади, попродуктивни дрвја во надеж дека ќе ги намалат трошоците. Во последниве години, секторот […]

Oбезбедуваме транзиција од јаглен на еколошки енергенси, вели Заев за „Дело“


Со зелени енергетски проекти ревносно ја следиме еколошката агенда на државата, согласно Европската зелена агенда, односно ја спроведуваме праведната транзиција од јаглен во еколошки енергенси за производство на електрична енергија, истакнува премиерот Заев во интервју за електронското издание на словенечкиот дневен весник „Дело“. Претседателот на Владата за словенечката јавност го потенцира интересот на земјата за […]

Ова се најголемите трговски синџири во Европа


Супермаркетите ширум светот останаа отворени за време на најстрогите мерки за пандемијата. Нивната работа е важна бидејќи тие сè уште се главната дестинација за купување намирници во Европа. Во супермаркетите се продаваат 41 отсто од сите намирници , пишува магазинот „Пејспејс“. По нив, следат хипермаркетитте и продавниците со попусти (дисконтите) со по 23 проценти удел. […]

Ердоган го смени гувернерот на централната банка по само пет месеци


Гувернерот на турската централна банка Наци Агбал е отпуштен по помалку од пет месеци на функцијата. Не е дадена официјална причина за одлуката за одлуката, донесена со претседателски указ објавен во раните утрински часови во саботата. Отпуштањето се случи откако централната банка ги зголеми каматните стапки за 200 основни поени на 19 проценти во четвртокот, […]

Побарувачка за недвижности во руралните средини, не се очекува намалување на цените


Во иднина може да се очекува да продолжи трендот на зголемување на побарувачката за недвижности во руралните средини и викенд места, додека во градските средини да се одржи нивото на побарувачка како и досега. Луѓето за време на кризата, според носителите во оваа дејност, инвестираат во недвижности и продажбата на станови се одвива непречено благодарение […]