Од 15 јуни до 15 август без патарини за српските граѓани низ Северна Македонија


Од 15 јуни до 15 август годинава српките граѓани нема да плаќаат патарини на патиштата низ Северна Македонија, изјави денес во Белград министерот за здравство, Венко Филипче на заедничка прес конференција со неговиот српскки колега Златибор Лончар. 
„Српските граѓани од 15 јуни до 15 август ќе бидат ослободени од патарини во знак на благодарност за донациите во вакцини“, изјави Филипче.

Двајцата министри денеска во Белград договорија стратешко партнерство за идните набавки на вакцини против КОВИД-19 од институтот „Торлак“, каде што наскоро ќе почне да се произведува руската вакцина Спутник В. Пробното производство во овој инстутут веќе почна. Филипче ваквата определба ја образложи со очекувањата дека вакцинацијата најверојатно ќе биде потребна и во иднина, можеби и секоја година.