Убер регистрира загуба од 5,8 милијарди долари


Компанијата Убер во првите три квартали од годинава забележа загуба од 5,8 милијарди долари поради негативното влијание на пандемијата на коронавирусот. Сепак, компанијата се надева дека ќе може да оствари профит следната година. Во третиот квартал, приходите на Убер беа 3,1 милијарди долари или 18 проценти помалку отколку во истиот период минатата година. Еден ден по претседателските …

Убер регистрира загуба од 5,8 милијарди долари Read More »

Нацевска: Новини во платежните услуги и системи со  усогласување со директивите и регулативата на ЕУ  


Во рамките на можностите да се користат новите начини на плаќање, со тоа се заштедуваат ресурси и време и се постигнува ефикасност, а во актуелните околности се штити и сопственото и јавното здравје, апелира вицегувернерката на Народната банка, Емилија Нацевска. Според неа, транспонирањето на директивите и регулативите на ЕУ, коешто тековно се одвива засилено, ќе …

Нацевска: Новини во платежните услуги и системи со  усогласување со директивите и регулативата на ЕУ   Read More »

Финска планира „безбеден туризам“ за странци во текот на зимата


Финска е држава со најмала стапка на заразени со Ковид-19 во Европска Унија, а владата на скандинавската земја планира да не изгуби голем број туристии оваа зима. Финската влада подготвува закон со која ќе ја отвори земјата за туристи околу Божиќ, 25 декември, но не и порано. Владата во Хелсинки следната недела ќе соопшти што …

Финска планира „безбеден туризам“ за странци во текот на зимата Read More »

Оптимизмот се враќа на берзите – акциите скокнаа по претседателските избори во САД


Цените на акциите на светските берзи минатата недела нагло пораснаа, надоместувајќи ги сите загуби од претходната седмица, бидејќи инвеститорите очекуваат нови економски стимулации по претседателските избори во САД, пишува порталот SEEbiz. На Вол Стрит, индексот Дау Џонс минатата недела порасна за 6,9 проценти, на 28.323 поени, додека С & П 500 скокна за 7,3 проценти …

Оптимизмот се враќа на берзите – акциите скокнаа по претседателските избори во САД Read More »

Почнува враќањето на пари од „Викенд без ДДВ“, над 200 илјади граѓани ќе добијат околу 1 милион евра


Исплатите на средствата од мерката „Викенд без ДДВ“ треба да започнат од следната недела, најави вчера на прес-конференција министерот за финансии Фатмир Бесими, откако во Собранието беа донесени ребалансот на Буџетот и законите кои овозможуваат реализација на четвртиот пакет мерки за поддршка на граѓаните и фирмите погодени од корона кризата. Бесими не прецизира колку вкупно …

Почнува враќањето на пари од „Викенд без ДДВ“, над 200 илјади граѓани ќе добијат околу 1 милион евра Read More »

Италија одобри нов пакет помош во вредност од 2,9 милијарди евра


Италија денеска одобри нов пакет финансиска помош во вредност од 2,9 милијарди евра, со цел да се олесни економската стагнација на земјата предизвикана од пандемијата на коронавирусот. Мерките ги договор Владата во текот на ноќта, изјави извор упатен во одлуката. Ограничувањата поврзани со коронавирусот, кои вчера стапија во сила, ја делат земјата во три зони …

Италија одобри нов пакет помош во вредност од 2,9 милијарди евра Read More »

ФАО: Цените на храната растат петти месец по ред


Цените на храната растат петти месец по ред, што укажува на постепено закрепнување од шокот предизвикан од пандемијата, соопшти Организацијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО). Индексот на цените на основните прехранбени производи во октомври се искачи во просек на 100,9 поени, најмногу од јануари. Тоа е за 3,1 поени повеќе од ревидираната вредност во септември. …

ФАО: Цените на храната растат петти месец по ред Read More »

Блокирани сметките на фирмите што ја злоупотребија државната помош


Управата за јавни приходи ги блокирала сметките на сите компании кои ја злоупотребиле финансиската помош за исплата на плати од третиот пакет мерки, а на дел од нив им биле повлечени средствата кои ги добиле. Ова го исткана денес на прес конференција директоркаата на УЈП, Сања Лукаревска, одговарајќи на новинарско прашање. „Имињата на сите компании …

Блокирани сметките на фирмите што ја злоупотребија државната помош Read More »

Стартува финансиската поддршка од Четвртиот пакет – изготвени закони и дизајнирани 22 мерки


Законските измени за 22 мерки од вкупно 31 мерка од Четвртиот пакет, кои се во надлежност на Министерството за финансии, се веќе донесени или пак се во собраниска процедура, или се изготвени и се ставени на јавна консултација на ЕНЕР. Ова го посочи министерот за финансии Фатмир Бесими на заедничката прес-конференција со директорката на Управата …

Стартува финансиската поддршка од Четвртиот пакет – изготвени закони и дизајнирани 22 мерки Read More »

Наместо со картички помошта на ранливите категории граѓани ќе оди преку транскациски сметки


Ранливите категории на граѓани и пензионерите со ниски примања средства од помошта во рамки на четвртиот пакет мерки ќе ги добиваат директно на транскациски сметки, а не на платежни картички како што беше претходно. Целта на ваквата одлука, како што информираа на денешната прес-конференција министерот за финансии Фатмир Бесими и директорката на Управата за јавни …

Наместо со картички помошта на ранливите категории граѓани ќе оди преку транскациски сметки Read More »

Зошто имаме режим на стабилен девизен курс на денарот во однос на еврото? – нов текст од серијалот „Економија за секого“ на НБ


Oбјавен е нов текст од серијалот текстови ЕКОНОМИЈА ЗА СЕКОГО: Зошто имаме режим на стабилен девизен курс на денарот во однос на еврото?, соопшти Народната банка.   Текстот е достапен на следнава врска: http://nbrm.mk/ns-newsarticle-zosto-imame-rezim-na-stabilen-devizen-kurs-na-denarot-vo-odnos-na-evroto.nspx Серијалот „Економија за секого“ содржи текстови коишто накратко обработуваат значајни прашања од доменот на работењето на централната банка, работењето на деловните банки и макроекономијата. …

Зошто имаме режим на стабилен девизен курс на денарот во однос на еврото? – нов текст од серијалот „Економија за секого“ на НБ Read More »

ЕУ ќе воведе такси за САД поради субвенционирање на Боинг


Европска унија следната недела ќе воведе такси на увозот на артикли од САД во вредност од четири милијарди долари поради американските субвениции за производителот на авиони Боинг, најавија неименувани дипломати на ЕУ. Одлуката за воведување на такси на увозот од САД треба да биде соопштена в понеделник на состанокот на министрите за трговија на ЕУ. …

ЕУ ќе воведе такси за САД поради субвенционирање на Боинг Read More »

Пошта треба да го промени фокусот на работењето и акцентот да го стави на пазарот на пакети, смета регулаторот


Евентуалната приватизација или јавно-приватно партнерство на националната Пошта за што во наредниот период ќе се изработува физибилити студија првично нема да влијае на намалување на цената на универзалната услуга. Но овој процес, според надлежните, треба да го унапреди квалитетот на работата и зголемување на портфолиото на услугите на националниот оператор и тој да настапува по …

Пошта треба да го промени фокусот на работењето и акцентот да го стави на пазарот на пакети, смета регулаторот Read More »

И Франција бара странски инвеститори за да закрепне економијата од корона кризата


Поддршка за инвестиции за францускиот план за закрепнување од пандемијата, насочен кон заштеда на работни места и започнување на „позелена“ поконкурентна економија бара меѓу меѓународните компании, францускиот претседател Емануел Макрон. Макрон на видео конференција синоќа разговараше со извршните директори на осум големи меѓународни групи, обидувајќи се да ги убеди дека Франција е добро место додека …

И Франција бара странски инвеститори за да закрепне економијата од корона кризата Read More »

Катастарот ги демантира наводите на КСС


Агенцијата за катастар на недвижности ги демантира „лагите и дезинформациите“ на Конфедерацијата на слободни синдикати дека не презела мерки и не спроведува мерки за заштита и превенција на вработените од корона вирусот и тврди дека целосно ги спроведува сите мерки и протоколи за заштита на здравјето на вработените и на граѓаните. Ктастарот пишува дека согласно …

Катастарот ги демантира наводите на КСС Read More »

Хрватска ќе го либерализира вработувањето на лица од трети земји


На хрвaтскиот пазар на труд од следната година би требало да има две значајни промени: намалување на стапката на данок на доход и либерализација на увозот на работна сила од трети држави односно земји што не се членки на Европската Унија. Тие промени требаа да стапат во сила годинава, но беше покрената процедура за измена …

Хрватска ќе го либерализира вработувањето на лица од трети земји Read More »

Битиќи: Трите проекти на „Дура“ се реализираат со предвидената динамика (фото)


Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, денеска ја посети компанијата „Дура“, која во технолошко-индустриската развојна зона Скопје 2 во Бунарџик реализира три инвестициски проекти во нови производни капацитети. Во придружба на извршниот директор на „Дура аутомотив“, Мајкл Бекет и директорот на фабриката во Скопје, Педро Коста, Битиќи изврши обиколка на сите три локации каде што …

Битиќи: Трите проекти на „Дура“ се реализираат со предвидената динамика (фото) Read More »

Австрија: Новата помош на компаниите проценета на 1,5 до две милијарди долари


Австрискиот министер за финансии Гернот Блуемел денеска соопшти дека се очекува Австрија да издвои околу две милијарди евра за да ги обештети компаниите за загубениот промет во ноември, кога поради пандемијата земјата ќе биде затворена. -Трошоците (мерките) ќе бидат некаде меѓу 1,5 и две милијарди евра, рече Блумел. Компаниите ќе може да очекуваат како помош …

Австрија: Новата помош на компаниите проценета на 1,5 до две милијарди долари Read More »

Светски осигурителни и пензиски фондови ќе ги санкционираат фирмите што финансираат и градат нови термоцентрали


Група водечки светски осигурителни и пензиски фондови најави санкции против компании кои продолжуваат да финансираат, осигуруваат и градат нови термоцентрали, што укажува на можност за продажба и на сопственички удел. Сојузот Net-Zero Asset Owner Alliance управува со средства во вкупна вредност од над 5.000 милијарди долари, а негов член, меѓу другите, е и германскиот гигант …

Светски осигурителни и пензиски фондови ќе ги санкционираат фирмите што финансираат и градат нови термоцентрали Read More »

Гасоводната делница Скопје-Тетово-Гостивар готова до втората половина на идната година


Гасоводната делница Скопје-Тетово Гостивар  во должина од 86 километри заклучно со  септември е реализирана на ниво од 66  проценти, со проценки дека целосно ќе биде завршена во втората половина на  идната година,вклучувајќи  ја изградбата на мерните станици и краците кон градовите, изјави денеска премиерот Зоран Заев, при увид на градежните активности на терен. Магистралниот гасовод …

Гасоводната делница Скопје-Тетово-Гостивар готова до втората половина на идната година Read More »