Зошто имаме режим на стабилен девизен курс на денарот во однос на еврото? – нов текст од серијалот „Економија за секого“ на НБ

Oбјавен е нов текст од серијалот текстови ЕКОНОМИЈА ЗА СЕКОГО: Зошто имаме режим на стабилен девизен курс на денарот во однос на еврото?, соопшти Народната банка.  

Текстот е достапен на следнава врска: http://nbrm.mk/ns-newsarticle-zosto-imame-rezim-na-stabilen-devizen-kurs-na-denarot-vo-odnos-na-evroto.nspx

Серијалот „Економија за секого“ содржи текстови коишто накратко обработуваат значајни прашања од доменот на работењето на централната банка, работењето на деловните банки и макроекономијата.

„Преку едноставен и разбирлив начин, се обидуваме подобро да ги објасниме соодветните теми, за да бидат појасни за јавноста, што би придонело и за финансиската едукација на населението“, велат од Народната банка.