Богатството на милијардерите во Британија зголемено и покрај пандемијата


Богатството на милијардерите во Велика Британија се зголеми за повеќе од една петтина минатата година и покрај пандемијата, според податоците на последната богата листа на Сандеј тајмс објавена денеска. Бизнисменот роден во Украина, Леонард Блаватник е најбогата личност во државата со богатство од 23 милијарди фунти (32,6 милијарди долари, 26,8 милијарди евра), според бројките објавени […]

САД предложи воведување глобален минимален данок на профит од најмалку 15 отсто


Министерството за финансии на САД предложи воведување глобален минимален данок на профит од најмалку 15 проценти, со што се намалува прагот од првичниот предлог. Предлогот беше даден на состанокот на управувачката група на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) за ерозија на даночната основа и пренасочување на профитот, соопшти Министерството. Групата сака да постигне […]

Бочварски: Автопатот Кичево-Охрид ќе биде завршен кон крајот на 2023 или на почетокот на 2024 година


Изградбата на автопатот Кичево – Охрид е меѓу приоритетите на Владата. Посебен тим на Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта работат максимално на приоритетните проекти за да ја оспособиме комплетната траса за работа. Ова денеска го изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој изврши увид на автопатот во […]

Објавен Јавен повик за пријавување на хотели за прием на гости со ваучери за туризам за работници со ниски приходи


Министерството за економија го објави Јавниот повик за пријавување на интерес од страна на угостителските објекти за сместување за прием на гости кои ќе добијат Потврда за одмор на работници со ниски приходи во вредност од 12.000 денари. Основна цел на оваа мерка е да им се овозможи на лицата со ниски приходи да искористат […]

ММФ претстави план од 50 милијарди долари за ставање крај на пандемијата со Ковид-19


  Меѓународниот монетарен фонд денеска претстави предлог од 50 милијарди долари за ставање крај на пандемијата со Ковид-19 со вакцинирање на најмалку 40 отсто од населението во сите земји до крајот на 2021 година и најмалку 60 отсто до првата половина на 2022 година. Со тоа, од ММФ велат дека ќе инјектираат еквивалент на 9 […]

Градежен институт и Макстил во заедничка соработка за реализација на европскиот проект за циркуларна економија – CINDERELA


Градежен институт Македонија кој е дел од конзорциумот на тринаесет извонредни истражувачки институции и организации од седум европски земји вклучени во CINDERELA, за реализација на дел од активностите потребни за овој проект склучи договор за деловно техничка соработка со компанијата Макстил. Главната заедничка активност беше поставување пилот постројка за механичка обработка на секундарна индустриска суровина […]

Дисоска: Состојбата на жените претприемачи е на стаклени нозе


Генерално состојбата на жените претприемачи е на стаклени нозе затоа што во услови на здравствено економска криза економијата е многу падната, оцени Валентина Дисоска, претседател на Националната платформа за женско претприемништво и на Здружението на бизнис жени. Нагласи дека жените имаат проблем во основањето, водењето и секојдневните активности во своите бизниси заради, како што рече, […]

Просечната нето-плата во март 28.217 денари, за 6,8 отсто повеќе од лани


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во  март 2021 година изнесува 28.217 денари и бележи раст во однос на март лани од 6,8 отсто, објави  Државниот завод за статистика. Според објавените податоци ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите уметност, забава и рекреација за 17,9 […]

Се проверува увозот на сомнителниот мазут, вели Бектеши


Во моментов ги собираме сите информации за увозот и дистрибуцијата на сомнителниот мазут и кога ќе ги имаме сите податоци ќе ја информираме јавноста. Ако не се реализирани сите процедури согласно правилникот за квалитет на течни горива и процедурите за увоз на нафтени деривати документите ќе му ги предадеме на Јавното обвинителство, најави денеска министерот […]

Нуредини за „Та неа“: Интерконекторот е нераскинлив дел од нашата стратегија за диверзификација на изворите на природен гас


За Република Северна Македонија, ова е нераскинлив дел од нашата стратегија за диверзификација на нашите извори на природен гас и понатамошно поврзување со други соседни земји, како што се Албанија, Србија и Косово, со цел да им испорачаме гас, вели министерот за животна средина и просторно планирање на Северна Македонија Насер Нуредини за интерконекторот со […]

Стартап компаниите сочинуваат 50 проценти од портфолиото на ФИТР


Анализите спроведени од страна на Стартап Македонија, под покровителство на Фонд за иновации и технолошки развој со која беа опфатени над 80 стартапи од Северна Македонија и повеќе од 29 организации за поддршка и инвеститори, денеска беа презентирани на онлајн платформата Зум на која како говорници присуствуваа директорот на ФИТР Коста Петров, Нина Николиќ од […]

ЕФСЕ и натаму ќе финансира проекти на Народната банка во сферата на финансиската писменост и финтек-секторот


Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ) и во натамошниот период ќе ја поддржува Народната банка во нејзините активности во сферата на финансиската едукација и финансиската инклузија, коишто овозможуваат значајни придобивки за населението на долг рок. Оттука, ЕФСЕ со задоволство иницира вклучување на Народната банка и во циклусот на стратегиско планирање на Фондот, за да се […]

Нема конкретен предлог за реформа на даночната политика, вели Битиќи


Во моментов само разговараме за евентуални реформи во даночната политика и немаме конкретен предлог од никого, ниту од Владата, но сепак се прават анализи затоа што мораме да се подготвиме за следните мерки. Сметам дека има поле за разумен разговор, оцени денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. -Секој предлог е добредојден ако оди во […]

Битиќи: И јас имам возило на лизинг, така што Владата не погреши при набавката на возила


Оперативниот лизинг е стандардна форма во целиот развиен свет во која одржуваш добар возен парк, кој овозможува сигурност, и секогаш е поевтин отколку да купиш возило и да го амортизираш и понатаму да не знаеш што да правиш  со железото кое ќе остане, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. – Правевме одредени анализи […]

Народната банка и Комисијата за хартии од вредност ќе ја унапредуваат финансиската стабилност


Финансиската стабилност е заеднички приоритет, но и обврска на финансиските регулатори и во изминатиот период се потврди дека унапредената соработка меѓу регулаторите и новиот формат на Комитетот за финансиска стабилност, во којшто се вклучени сите финансиски регулатори, придонесува за заедничката цел – финансиската стабилност, па затоа сето ова обврзува на натамошно унапредување на меѓусебната соработка, […]

РКЕ и Регулаторното тело за вода на Албанија склучија меморандум


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги склучи Меморандум за соработка со Регулаторното тело за вода на Албанија. Како што соопштија од РКЕ, размена на искуства, информации и практики од регулирањето на водните услуги и управување со системите за отпадни води се дел од точките за кои Марко Бислимоски, претседателот на РКЕ и Ндричим Шани […]

Промоција на Националната платформа за женско претприемништво


Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска ќе присуствува на воведниот настан за промоција на проектот „Национална платформа за женско претриемништво“, финансиран од Европската Унија во рамки на ИПА Програмата (Програма за претпристапна помош) за Граѓанско општество и медиуми 2018-2019. Креирањето на платформата е проект кофинансиран од Европската Унија […]

Компанијата „Лутекс“ планира инвестиции од 1,2 милиони евра и нови работни места


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес оствари посета на компанијата Лутекс, лоцирана во селото Долно Оризари во општина Велес, каде оствари средба со сопственикот на компанијата Маркус Туч и изврши обиколка на производствените погони. Вицепремиерот Битиќи изрази задоволство што со инвестиции на оваа […]

Предлог-законот за буџети пред пратениците – опозицијата бара јавна расправа


Собранието денеска ја продолжи 41. седница, на која пратениците дискутираа за Предлог-законот за буџети во прво читање. Гласањето по оваа точка ќе биде дополнително закажано, соопшти претседателот на Собранието Талат Џафери. Заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски го образложи законот и рече дека досегашниот бил од 2005 година. Посочи дека е наметната потреба да се создаде […]

Преполовен бројот на превезени патници во првото тримесечје


Бројот на превезени патници во патничкиот патен превоз во првото тримесечје од 2021 година изнесува 9.158.000 и во однос на истиот период лани е намален за 44,5 отсто, објави Државиот завод за статистика. Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 42,8 отсто, во приградскиот превоз за 45,3 отсто, […]