Ивент индустријата од утре протестите ги става во мирување, в сабота ќе се сретнат со вицепремиерот Битиќи


Асоцијацијата на ивент индустријата ИВАП соопшти дека од утре ги става во мирување протестите кои изминатите денови секојдневно ги одржуваше пред Владата, откако за в сабота договориле средба со вицепремиерот Фатмир Битиќи. „Ве известуваме дека денес не контактираше вицепремиерот Битиќи и добивме покана за средба и продолжување на разговорите за помош на нашиот сектор. Средбата […]

Барале правници и економисти, а добиле и детективи – директорот на Пазарен инспекторат вели не може да менува систематизација за некој што не ги исполнува условите


Не можам да менувам систематизација за некој без соодветно образование, односно за некој што не ги исполнува посебните услови за вработување во ДПИ, да отворам такви места, па по одредено време истите места да ги укинуваме, правам и јас одреден прекршок, односно правам можеби и кривично дело, истакна на денешната прес-конференција директорот на Државниот пазарен […]

ИКТ индустријата со импозантни резултати, Мицкоски смета дека е недоволна владината поддршка


ИКТ индустријата во земјава, и покрај КОВИД-кризата, бележи импозантни бројки. Иднината е во дигитализацијата и затоа државата треба да ги зема предвид барањата на младите инженери, беше заклучокот од денешната средба на членовите на Управниот одбор на Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. И во време на […]

Петтиот пакет антикризни мерки одобрен на Комисијата за финансирање, ќе се аплицира до 30 април


Фирмите и самостојните вршители на дејност за помош за плати за февруари и март од петтиот пакет мерки ќе може да аплицираат до 30 април годинава. Пролонгирањето е направено преку усвоени амандмани денеска на Комсисијата за финансирање и буџет, на која беа прифатени законските решенија од петиот пакет антикризни мерки. Поради доцнењето на усвојувањето на […]

Ковачевски: Роковите продолжени за граѓаните и фирмите реално да можат да ги искористат мерките


Фирмите и самостојните вршители на дејност за мерката за помош за исплата на плати за февруари и март од петтиот пакет мерки ќе може да аплицираат до 30 април годинава, објави заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски на својот фејсбук профил.   Во објавата додава дека за финансиската поддршка за ранливи категории на граѓани од 6.000 […]

Средба Бесими – експертска заедница: Даночната реформа започнува годинава со над 40 активности и јавни расправи


Даночната реформа започнува годинава преку реализација на 13 цели и 40-тина активности и многу бројни подактивности од Акцискиот план за 2021 година за спроведување на Стратегијата за реформа на даночниот систем 2021-2025 година, соопшти Министерството за финансии. Мерките предвидуваат анализи, примена на модели и искуства, а ќе бидат проследени со јавни расправи и консултации. Решенијата […]

ЕЦБ: Европејците очекуваат безбедност и приватност од дигиталното евро


Граѓаните на еврозоната очекуваат дека употребата на дигиталното евро е безбедна и евтина и, пред се, ќе ја гарантира приватноста, покажува најновата студија на Европската централна банка (ЕЦБ). ЕЦБ работи на создавање електронска верзија на заедничката европска валута што треба да ги надополнува банкнотите и монетите и успешно да парира на приватни крипто-валути како што […]

Од Конфедерацијата на слободни синдикати велат „доста е“, утре ќе протестираат пред Владата и Собранието


Социјален дијалог нема, уништен е, нема ниту покачување на минималната плата, вака денеска Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) го најави утрешниот протест што ќе се одржи  во 16 часот. Протестот со автомобили, под мотото „Доста е, претеравте“, ќе почне од кај хотелот „Вип“, спроти Македонската телевизија, а ќе продолжи преку булеварот „Кочо Рацин“, до Собранието […]

Десет македонски компании изложувачи на националниот павиљон на дигитално издание на саемот во Хановер


Десет македонски компании, ко – изложувачи на националниот павиљон на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот се претставуваат на годинешново дигитално издание на Хановер Месе. Поради ситуацијата предизвикана од коронавирусот светски водечкиот саем за технологија се одржува во дигитална форма од 12 до 16 април под мотото „Целиот технолошки свет доаѓа во Хановер“. […]

Царинската управа одбележува 29 години од постоењето


Царинската управа денеска одбележува 29 години од постоењето како самостојна државна институција. Директорот на Царинската управа Горан Сугарески во видео обраќање оцени дека и покрај сите предизвици предизвикани од пандемијата, Царинската управа успеала да ги реализира сите планирани активности изминатата година. – Изминатата година ја одбележаа повеќе настани и проекти меѓу кои и претседателството со […]

За помошта за плати за февруари и март ќе се аплицира до 30 април


Фирмите и самостојните вршители на дејност за помош за плати за февруари и март од петтиот пакет мерки ќе може да аплицираат до 30 април годинава. Пролонгирањето е направено преку усвоен амандман денеска на Комисијата за Комсисијата за финансирање и буџет, каде се разгледуваат законските решенија од петиотиот пакет антикризни мерки. Поради доцнењето на усвојувањето […]

Астрономски 424 милијарди евра ја чини Франција кризата со Ковид-19


Помеѓу вонредните мерки, стимулацијата и намалувањето на приходите, трошоците за здравствената криза од 2020 до 2022 година се неверојатни за државната каса на Франција. Епидемијата на коронавирусот ќе остави длабока трага во јавните финансии на таа држава бидејќи за  борба против таа здравствена криза, владата планира да одвои астрономска сума од 424 милијарди евра за […]

Уставниот суд, сепак, ќе одлучува за иницијативата на оштетените штедачи во Еуростандард банка


Уставниот суд, сепак, ќе се произнесе во однос на иницијативата за оцена на уставноста и законитоста на член 163 став 3 од Законот за банки. Како што соопштија подносителите на иницијативата, Здружението на оштетени штедачи во Еуростандард банка, седницата на Уставниот суд е закажана за утре, 15-ти април. Минатата недела, како што е познато, тие реагираа […]

Народна банка ја задржа основната камата на 1,25 проценти, макроекономските параметри се според очекувањата


Движењата кај основните макроекономските параметри се поволни и без поголеми отстапувања во однос на очекувањата кога се уште постојат неизвесност и ризици од пандемијата предизвикана од Ковид-19, оценува Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка. На седницата, одржана вчера, е одлучено каматната стапка да се задржи на ниво од 1,25 проценти, а денеска на […]

Извршниот директор на „Тошиба“ поднесе оставка


Претседателот и извршен директор на „Тошиба“, Нобуаки Куруматани поднесе оставка, се вели во соопштението на јапонскиот мултинационален конгломерат. Компанијата со седиште во Токио истакна дека извршниот директор го предложил писмото за оставка на состанокот на одборот и дека оставката е ефективна од денеска. Оставката на Нобуаки Куруматани доаѓа во време на контроверзии околу понудата од […]

Заев: И во услови на пандемија натфрлен приходот од царините и другите давачки за полнење на Буџетот


Во 2020 година вкупниот приход од царини, ДДВ, акцизи и други надоместоци е повисок за 4,8 отсто во однос на планираното. Овие показатели на годишно ниво, во време кога заради пандемијата значително е намален интензитетот на економијата и трговија, со своето високо професионално и чесно работење царинските службеници и Царинската управа на Република Северна Македонија […]

Законите од петтиот антикризен пакет пред пратениците


Законите од петтиот пакет антикризни мерки денеска се на дневен ред на собраниската Комисија за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија. На веб страната на Собранието на Република Северна Македонија закажани се две седници на Комисијата за финансирање и буџет, а на дневен ред се предлог-законите за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност […]

Австрија се задолжи со издавање на 50-годишна обврзница


Австрија се задолжи во вторникот со издавање еврообврзница со рок на доспевање од 50 години, приклучувајќи им се на европските земји кои го користат периодот на ниски трошоци за позајмување за да издадат долгорочни должнички хартии од вредност. Австрија на аукцијата позајми 1,75 милијарди евра со издавање на 50-годишна обврзница за која кредиторите пројавија заинтересираност […]

Марковски-Митсујуки: Кочанскиот ориз во јапонските ресторани низ Европа


Македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски, денеска во јапонската амбасада во Тирана оствари средба со неговиот колега Такада Митсујуки. На средбата е разговарано за повеќе прашања од интерес на двете земји и народи, но, посебно се разменети мислења околу кочанскиот ориз, за кој амбасадорот Митсујуки, оценил дека по квалитет е идентичен со оризот кој се […]