Најголемата исплатена штета е за осигурување имот и изнесува 382.000 евра


Меѓу најголемите поединечни исплатени штети пет се за осигурување од задолжителна автомобилска одговорност, четири од осигурување имот. Најголемата исплатена сума за штета од каско изнесува 94.000 евра, а за покритие од зелен картон е платено обештетување од  221.000 евра Најголемата исплатена бруто штета од осигурување лани изнесува 23,5 милиони денари (382.000 евра), покажуваат официјалните податоци […]

Туристичко-угостителскиот сектор утре на протест, Владата најавува шести пакет мерки


Туристичко-угостителскиот сектор утре ќе протестира пред Владата се до исполнување на нивните барања. Бараат еднократна финансиска помош за регистрираните угостителски објекти на кои повеќе од една година им е забранета примарната дејност со уредба на Влада, како и мораториум или репрограмирање со грејс период на кредитите од комерцијалните банки и кредитите од Развојна банка, сè […]

Николовски: На седница во вторник, Владата ќе предложи шести пакет економски мерки


 Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски вечерва најави дека во вторник, на следната владина седница, ќе биде предложен новиот пакет мерки кои ќе ги опфати сите субјекти кои беа затворени во изминатите 14 дена. – Ќе бидат донесени, нови десетина мерки во интерес и на компаниите […]

Пендаровски му возврати на Мицкоски: Доста е со најави за апсења и затвор


Пендаровски ги потпиша указите за законите од петтиот економски пакет и го праша Мицкоски зошто само тој молчи за предлозите за менување на границите кои го кренаа на нозе регионот   Претседателот Стево Пендаровски попладнево ги потпиша указите за прогласување на законите од петтиот пакет антикризни мерки. „На македонската јавност ѝ е добро позната заложбата […]

ЕУ со поддршка на дигиталната трансформација на земјите од Западен Балкан


Еден од четирите приоритети на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан (ЕИП) ќе биде поддршка на дигиталната трансформација на Западен Балкан и зајакнување на неговиот потенцијал како двигател на економскиот раст и просперитет во регионот преку подобрување на пристапот до дигитални добра и услуги, стои во официјалниот одговор од Европската Комисија (DG Connect) на […]

ТИРЗ со најдобар прв квартал во последните четири години


Во технолошко индустриските зони е регистрирана највисока економска активност во прв квартал во последните четири години и во однос на извозот и во однос на увозот, покажува редовната месечна анализа на ТИРЗ. Така, во првиот квартал од 2021 година извозната активност во индустриските зони под надлежност на Владата достигна износ од 776 милиони евра што […]

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствуваат на 36. седница, но не и на 32., вели Мицевски


Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствува на утрешната 36. седница на чиј дневен ред се законите од петтиот пакет мерки, изјави вечерва координаторот на пратеничката група Никола Мицевски. На гостувањето во централниот дневник на телевизија „Сител“, Мицевски рече дека нема да присуствуваат на 32. седница, која е закажана пред 36. седница. – Пратеничката група на […]

ССМ со апел до пратениците утре да го изгласаат петтиот антикризен пакет


Сојузот на синдикати на Македонија денеска ги повика пратениците од сите политички партии на разумност со апел утре да го изгласаат петтиот пакет антикризни мерки со кој меѓу другото е предвидена финансиска поддршка за плати за февруари и март. – Сојузот на синдикатите на Македонија како единствен репрезентативен синдикат кој ги претставува интересите на 70.000 членови […]

Следната недела јавен повик од 1 милион евра за настани со домашни изведувачи  


Следната недела ќе биде објавен јавниот повик за финансиска поддршка од 1 милион евра за компаниите да можат да реализираат настани од јавен интерес со домашни изведувачи, соопштија од Кабинетот на вицепремиерот Фатмир Битиќи по средбаата со Асоцијацијата на ивент индустријата ИВАП. Вицепремиерот Битиќи и националниот координатор за стратегиски комуникации, Марјан Забрчанец, на средбата со […]

Онлајн средба НБ – ММФ: Да се унапреди правната рамка за Народната банка за нејзина целосна независност


Прашањето за финансиската стабилност, како цврст столб на македонската економија, поткрепена со стабилен банкарски систем, како и значењето да се прави постојана процена на идните текови и очекувања кои произлегуваат од корона кризата, се дел од темите за кои се разговарало на состанокот со директорот на Одделот за Европа на ММФ, Алфред Камер и гувернерката на […]

Граѓаните на Србија одат на „дизел туризам“ во Македонија и во БиХ за поевтино гориво


Граѓаните на Србија кои живеат во близина на границата одлучуваат да заминат во Босна и Херцеговина и во Северна Македонија затоа што, според нивните зборови, тоа „им се исплаќа повеќе“. Цените некаде се и двојно поевтини, а има и примери на белграѓани кои ја минуваат границата за време на викендот за да ги наполнат резервоарите. […]

Има пари во Буџетот за петтиот пакет мерки, вели Заев


Пари во буџетот има за реализација на петтиот пакет антикризни мерки. Буџетот е стабилен и има добра наплата и во Управата за јавни приходи и во Царината, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања по средбата во Собранието со пратеничката група на Алијанса на Албанците и Алтернатива. Потсети дека е земена еврообврзница од […]

Обложувалниците не гледаат иднина ако се усвои новиот закон за игри на среќа


  Асоцијацијата на спортски обложувалница доставила над 250 забелешки за новиот предлог закон за игри на среќа со кои се предвидува обложувалниците да бидат 500 метри оддалечени од образовните институции. Според нив апсурдно е ваков закон да биде предложен од Министерството за финансии бидејќи свесно ќе го затворат цел овој сектор а со тоа нема […]

За стопанството обезбедени 44,1 милион евра преку трите бескаматни кредити на Развојната банка


Преку трите кредитни линии, Ковид 1, 2 и 3, од Развојната банка, обезбедени се ликвидни средства во вкупен износ од 44,1 милиони евра, пришто се поддржани над четири илјади компании кои вработуваат 36.802 лица, информираат од кабинетот на вицепремерот за економски прашања. Оттаму додаваат дека  оваа финансиска поддршка значително им помогна на компаниите да ја […]

Форумот на добри компании: Доаѓа време на вработувања врз основа на вредности, а не на CV


Во иднина, вработувањата најмногу ќе се темелат на вредностите на човекот, на неговите вештини, карактер и личност, наместо на параметрите кои ги наведувам во кусите биографии. Ова, ќе придонесе и во поглед на инклузијата, односно ќе го унапреди регрутирањето на ранливите лица на пазарот на трудот. Ова е еден од заклучоците донесени на првиот ден […]

Потрошувачкиот кредит на Комерцијална банка со најповолни услови доби нов промотивен период


Промотивниот период за отплата до 120 месеци продолжува до 15.06.2021 година, со што граѓаните добија дополнителна можност да ги искористат сите поволности на овој кредит и да го купат тоа што веќе го посакале и испланирале. Ненаменскиот потрошувачки кредит на Комерцијална банка е креиран за да ги задоволи потребите на граѓаните како што ним најмногу […]

Туристичките агенции со загуби над 80 проценти, ќе се приклучат на протестот на угостителите


 Туристичките агенции имаат пад на прометот од 80 до 100 проценти, интересот за патување е сведен на минимум, а реализацијата на направените аранжмани е неизвесна поради секојдневното менување на одлуките во државите поради пандемијата. Доставиле три барања до Владата и најавуваат дека во вторник ќе се приклучат на протестот на угостителите. – Интересот за патување […]

Стопанската комора бара итно да се усви петтиот пакет мерки


 Стопанската комора на Северна Македонија бара пратениците итно да ги изгласаат законите поврзани со петтиот пакет мерки, кои ги очекуваат нејзините членки како поддршка во услови на пандемија. -Сведоци сме дека во Парламентот т.н. петти пакет економски мерки, доставен од Владата на Република Северна Македонија, многу долго чека да биде изгласан. Во ситуација кога македонската […]

Виенскиот економски институт предвидува раст од 4,1 отсто за Северна Македонија


Нивото на активноста пред кризата ќе се достигне на почетокот на 2022, а потоа, кога ќе се достигне нултата точка по две изгубени години, старите структурни предизвици ќе дојдат до израз, посочува институтот за Северна Македонија   Виенскиот институт за меѓународни економски студии во најновата публикација за земјите од Источна Европа, предвидува дека Северна Македонија […]

Стопанската комора апелира пратениците во текот на денот да ги донесат законите од петтиот пакет мерки


Стопанската комора на Македонија апелира до пратениците во Собранието да направат максимални напори и во текот на денот да ги донесат законите од петтиот антикризен пакет кои се во насока на поддршка на македонската економија. – Станува збор за законски решенија чие изгласување ќе овозможи поддршка за 20.000 компании и околу 130.000 вработени, како и […]