Азески – ми беше чест што бев почесен конзул на државата Црна Гора


Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, во соопштение до медиумите вели дека му било чест што бил почесен конзул на државата Црна Гора. „Црна Гора е независна и суверена држава, која согласно Уставот е дефинирана како граѓанска, демократска, еколошка и држава на социјална правда,заснована на владеење на правото. Иако независноста на Црна […]

Потпишување договор со ЕИБ – нови 100 милиони евра за мали и средни претпријатија


Владата на Северна Македонија и Европската инвестициска банка денеска ќе потпишат договор за финансирање на проекти на мали и средни претпријатија во висина од 100 милиони евра. Договорот ќе го потпишат министерот за финансии Фатмир Бесими, потпретседателката на Европската инвестициска банка Лилјана Павлова и директорот на Развојната банка на Северна Македонија Кире Наумов, во присуство […]

Седница на собраниската Комисија за финасирање и буџет


Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе се одржи седницата на Комисијата за финансирање и Буџет. Членовите на оваа комисија треба да го разгледаат и Предлог на законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за дополнително финансирање на […]

CreatINNES – Како до развој и брз раст на креативни бизниси и стартапи


Како до развој и брз раст на креативни бизниси и кои се можностите за поддршка на креативни бизниси и стартапи, на овие прашања одговор ќе дадат домашни експерти кои ќе учествуваат на денешниот онлајн настан „CreatINNES“ што го организира Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП). Експертите ќе го споделат своето искуство преку презентација на различни […]

Струјата ќе поскапи, но сметките ќе останат исти?


Колкава ќе биде цената на струјата за граѓаните ќе се знае до крајот на месецов, откако Регулаторната комисија за енергетика ќе излезе со конечните пресметки. Тоа го најави денес првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоски, во интервју за Радио Слободна Европа, прецизирајќи дека претходно ќе треба да се реализира тендерот на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум […]

ФЕД предизвика силен пад на цената на златото


Федералните резерви на САД (ФЕД) неделава ги измеша картите на пазарот на благородни метали. Златото падна за шест проценти (или повеќе од 100 УСД на 31,1 унца) од понеделник до петок, најмногу во последните девет месеци, а и среброто и паладиумот не поминаа подобро. Аналитичарите на Комерцбанк остануваат убедени дека златото повторно ќе достигне 2.000 […]

Чифлиганец и „Адора“ се сопственици на 14,9% од акциите во Комерцијална банка


Познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец, преку неговата фирма „Адора инженеринг“ купил нови 48.837 обични акции на Комерцијална банка, со што стана сопственик на 14,9 проценти од акциите на најголемата и најмоќната банка во земјава. Сега „Адора инженеринг“ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје заедно со поврзаните лица поседува вкупно 341.860 обични акции, односно има учество од 14,9999 отсто во […]

Уште десет дена поднесување барања за земјоделски субвенции


Земјоделците имаат уште десет дена за поднесување барања за субвенции. Крајниот рок е 30 јуни. На барање на Министерството за земјоделство, Владата минатиот месец го пролонгираше рокот поради пандемијата. Првично, рокот за аплицирање за финансиска поддршка беше до 31 мај. -Поради состојбата предизвикана од пандемијата, аплицирањето за субвенции оваа година се одвиваше со намалена динамика. […]

Банките во Словенија со раст на нето добивката од дури 91,3 отсто, но сепак, не е сè розово


Во првите четири месеци годинава банките во Словенија остварија добивка пред оданочување од 178 милиони евра, што е за 85 отсто повеќе отколку во истиот период минатата година. Во истиот период нето добивката на банките достигна 160,5 милиони евра, што е за 91,3 проценти повеќе од лани, пишува Банката на Словенија во месечните податоци за […]

Деспотовски: Не може со 12.000 денари плата да очекуваме германска работна дисциплина


Резултатите од работата во ТИРЗ се видливи, но прашање е дали ќе ни биде поважно да се сликаме со црвени панделки додека сечеме ленти или, пак, ќе покажеме дека сакаме да направиме нешто за целата држава и умееме да придонесеме за раст на платите преку привлекување на квалитетни инвестиции – истакна Јован Деспотовски, директор на […]

Една од најголемите светски компании за недвижности Ре/Макс започнува со работа на македонскиот пазар


За време на службената посета на Швајцарската конфедерација, потпретседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи оствари работна средба со потпретседателите на Ре/Макс Европа, Курт Лукас и Адриан Бури. Ре/Макс е американска интернационална компанија за недвижности со повеќе од 6 илјади канцеларии ширум светот. Ре/Макс како една од […]

Анализа на ЦЕА: Популизмот и клиентелизмот на локално ниво – за кои општини е вклучен алармот


Според трошењата на општините на специфични ставки, доспеаните неплатени обврски, степенот на транспарентност и учеството на граѓаните во креирањето на буџетот, општините во кои се покажаа индиции за присуство највисок степен на клиентелизам и популизам во 2019 година се Теарце, Демир Капија, Пехчево, Гевгелија, Брвеница, Зелениково, Арачиново, Чаир, Бутел, Долнени, додека во 2020 година покрај […]

Пазар на органски производи во „Јавна соба“ – три саботи урбано шопинг доживување


Свежи органски домати, краставици, пиперки, рукола, зелка, компири, органски јаболков оцет, маџун и кашкавал, се само дел од палетата производи кои ќе може да се купат на првиот Пазар за органски производи – ПАЗАР.орг што се отвора денеска во 10 часот на зелената тераса на „Јавна соба“, а ќе се одржува и следните две саботи, […]

Инфлацијата во ЕУ 2,3 проценти, во еврозоната 2,0 отсто


Најниски годишни стапки на инфлација се регистрирани во Грција, Малта и Португалија, а највисоки во Унгарија, Полска и Луксембург Стапката на инфлација во Европската унија изнесуваше 2,3 проценти на годишно ниво во мај, и 2,0 проценти во еврозоната, објави Европското биро за статистика Евростат. Инфлацијата од година на година во ЕУ беше 2,0 проценти во […]

САСА ќе продолжи да вложува над 300.000 долари годишно во развојот на заедницата


„Рудник САСА“, преку новоформираната Фондација за поддршка на одржливиот развој, ја потврди својата намера да продолжи годишно да вложува повеќе од 300.000 долари во различни области значајни за животот и просперитетот на луѓето и локалната заедница. Ова беше соопштено на средбата на претставниците на менаџерскиот тим на САСА со британската амбасадорка Рејчел Галовеј, која по […]

Водородните машини на „Брако“ претставени во десетина градови во Франција


Десетина градови во Франција, многу средби, впечатоци и позитивни искуства донесе првата турнеја на зелените машини на велешки „Брако“ од линијата „Грин машинс“. Претставници на повеќе француски општини имаа можност во живо да се запознаат и да го тестираат револуционерното возило за одржување хигиена во урбани средини, GM500H2, кое работи на водороден погон и со […]

Инвестициите во човечкиот капитал ќе го забрзаат економскиот раст


Човечкиот капитал е во директна корелација со економскиот раст, односно преку раст на знаењата и вештините на граѓаните може да се делува кон забрзување на растот. Оттаму, еден од приоритетите во плановите и проекциите за заздравување и забрзан раст се инвестициите во човечкиот капитал, посочи министерот за финансии Фатмир Бесими на вебинарот организиран од Економскиот […]

КСС: Што поскоро да се одржи средбата со премиерот


– Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска, повикувајќи се на писмо од Светската конфедерација на синдикати и Европската конфедерација на синдикати, соопшти дека овие две меѓународни синдикални организации се загрижени за нефункционирањето на социјалниот дијалог во земјава. – Од Светската и Европската конфедерација на синдикати многупати е упатено прашањето до премиерот, што се случува со […]

Прв ПАЗАР.орг – да купуваме здрави, локални производи, а не увезени кои „патуваат“ илјадници километри


Последниве десет години се дадени една милијарда евра субвенции во земјоделството, а производители има се помалку. Потрошувачите, пак, наместо да купуваат домашни, локални производи со висок квалитет, повеќе се насочени кон странските производи. Увезуваме храна од 1.000, 5.000, 10.000 километри далечина, иако неколку километри од нас се произведува висококвалитетна храна, беше речено на денешната прес-конференција […]

Европски заем од 10 милиони евра за Србија и Црна Гора за воздушниот сообраќај


Белгија – Европската инвестициска банка одобри заем од 10,3 милиони евра за Контролата на летање на Црна Гора и Србија за подобрување на квалитетот на воздушниот сообраќај во регионот, јави дописничката на МИА од Брисел. Ова го соопшти денеска Европската инвестициска банка, објаснувајќи дека коридорите што ги контролира оваа служба на контрола на летање е клучна […]