Гостиварец ја тепал сопругата, па го задржаа во полиција


Гостиварец осомничен за насилство врз сопругата е лишен од слобода и задржан во полициска станица. Според СВР Тетово, 31-годишна гостиварка, вчера (9 декември), пријавила дека претходниот ден околу 20 часот и 30 минути во нивниот дом било извршено семејно насилство од нејзиниот 43-годишен сопруг. Таа во пријавата навела дека, подолго време била изложена на психичко […]

Млад кавадарчанец слетал во Луда Мара, излегол преку задните прозорци


Деветнаесет годишник од Кавадарци со возило „рено меган“ со кавадаречки регистарски ознаки утрово околу три часот излетал од патот кај Ваташа и слетал со автомобилот во реката Луда Мара. Возачот успеал да се спаси преку отворање на задните прозорци од возилото, потврди полицијата за МИА. Несреќата се случила кај местото каде што се гради нов […]

Кај двајца скопјани пронајдени оружје и дрога


Полицијата во домовите на двајца скопјани пронајде и одзеде 200 грама хероин, околу 500 грама марихуана, околу 20 грама кокаин, околу 100 грама хашиш, 10 таблети екстази како и четири дигитални ваги, пиштол „Ekol“ со рамка, револвер, околу 20 куршуми различен калибар, повеќе сим картички, панцири, фантомки и лисици, еден пушко – митролез и марихуана.. […]

Таткото на девојчето што се удави во Вардар ќе ја тужи актерката Ирена Ристиќ


Фејсал Меџити, таткото на тинејџерката која се удави во водите Вардар во Гостивар бегајќи од куче, најави тужба против актерката Ирена Ристиќ која изминатиов викенд на својот Фејсбук профил објавила дека тинејџерката била убиена од својот татко. Како мотив во незјиниот пост ја навела трагичната љубовна врска, бидејќи се заљубила во друго момче, а била […]

Едно лице загина во бизарна несреќа во Гостивар


Гостиварец починал од повреди на главата кога од камион со кој се разминувал паднале метални шипки врз неговото возило. Според СВР Тетово, несреќата се случила околу 13 часот на улицата „Илинденска“, во близина на поранешен „Жито Шар“ во Гостивар. Од товарно возило „мерцедес“ со гостиварски регистерски ознаки, што го управувал Б.С. (58) при разминување со […]

Младеновски добивал инструкции од Нинџа за „27 април“


Во Кривичниот суд денешното рочиште за случувањата на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија, продолжи со исказот, во негова одбрана, на обвинетиот Стефан Младеновски, кој, според исказот, добивал наредби од обвинетиот Александар Василевски- Нинџа. Објасни дека кога на чело на Управата за безбедност и контраразознавање бил назначен Владимир Атанасовски, за тоа дознал […]

Тринаесет лица осомничени за престрелката во Тетово


Тринаесет лица се осомничени за вклученост во престрелката пред казино во Тетово во петокот вечерта. За двајца осомничени, кои при инцидентот користеле автоматско оружје, поведена е истражна постапка за сторено кривично дело – Предизвикување општа опасност, како и за кривично дело Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи. Едниот од овие двајца […]

Пролонгиран почетокот на „Титаник 2“, се чека Мијалков


Сашо Мијалков се уште не е дојден во судот на ричиште за „Титаник 2“ поради процеудурите потребни за да се спроведе од затворот „Скопје“ по одредувањето на мерката притвор од 30 дена за „Империја“. На судијата Огнен Ставрев му ветиле дека ќе биде донесен. Се чека да се доведе Мијалков, во 11 часот. Сите други […]

Притвор за четири лица за пукањето во Тетово


Четири лица добиле 30 денови притвор како осомничени за нивна вклученот во вооружената престрелка од петокот на булеварот Маршал Тито во Тетово информираа од СВР Тетово. Д.М.(43) од Лавце, Б.Д.(43) од Тетово, Ѓ.Р.(28) од Шипковица и А.М.(37) од Тетово вчера биле изведени пред судија во претходна постпка во Основниот суд во Тетово откако полицијата против […]

Акција на МВР: Уапсени двајца Црногорци и еден Перуанец поради шверц на кокаин


Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во координација со канцеларијата на ДЕА во Атина (служба за борба против дрога на САД), како и со службите за борба против дрога на Црна Гора и Косово приведе три лица поради недозволена трговија со кокаин и до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и […]

Возилата во оган, сторителите во сенка


Веќе трет ден трае истрагата за пожарот во скопската населба Карпош во кој настрада автомобилот „тојота корола“, сопственост на сопругата на ексдиректорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Миле Зечевиќ. Досегашните сознанија на Министерството за внатрешни работи се дека огнот бил подметнат, но не се знае кој и зошто го вознемирува семејството на членот на […]

Нападнат 27-годишен Холанѓанец во ноќен клуб во Скопје


Дваесет и седумгодишно момче од Холандија ноќеска било нападнато во ноќен клуб во Скопје. Како што информира МВР, ноќеска во 4 часот С.В.В (27) од Ротердам, Холандија, пријавил дека истиот ден околу 2:30 часот на бул. „Климент Охридски“ во ноќен клуб физички бил нападнат од машко лице на возраст од околу 25 години. Полицијата работи […]

Поради загорено тенџере во Аеродром интервенираа пожарникарите


Со две возила и седум пожарникари, Противпожарната единица на Град Скопје интервенираше на дојава од граѓани дека излегува црн чад и непријатна миризба од стан во Аеродром. Пожарникарите со скала се качија на првиот спрат од зградата позади кафе барот „Ред кафе“ во Аеродром од каде што излегуваше чадот и констатираа дека се работи за […]

Почина средношколецот што беше прегазен на булевар во Штип


Почина 15-годишниот средношколец Мустафа Седат, кој пред 12 дена беше прегазен на пешачкиот премин на булеварот „Гоце Делчев“ во Штип. Директорот на СОУ „Коле Нехтенин” Дејан Павлов за МИА потврдува дека 15-годишното момче синоќа во Клиничкиот центар во Скопје по неколкуте операции на главата и на градите починал. Посмртните останки на Седат ќе бидат погребани […]

Автомобил излета кај Тетово, загина едно лице


Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на патот Тетово-село Радиовце. Министерството за внатрешни работи информира дека синоќа околу 23.30 часот на регионалниот пат Тетово-село Радиовце, Н.И.(52) од село Милетино, управувајки патничко возило „хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки, излетал од патот и удрил во дрво. Од здобиените повреди Н.И. починал на местото, […]

Дејан Сиљановски – Вуко ослободен со кауција за аферата „местење натпревари“ во Белгија


Агентот Дејан Сиљановски и Марија Богојевска, партнерка на агентoт Дејан Вељковиќ, се условно ослободени денеска во досието за наместени фудбалски натпревари, соопшти белгиското федерално обвинителство. Сиљановски е ослободен по исплатена кауција, сумата за него не е позната. За кауцијата на неговиот колега, Карим Межати, исплатен е износ од 20 илјади евра, изјави неговиот адвокат, Свен […]

Уапсен македонски државјанин во Грција со над 32 килограми канабис


Грчката полиција, со помош на полициското куче Хани, на грчката страна од граничниот премин Богородица (Евзони) во петокот напладне, уапсила 36-годишен странски државјанин кој во Грција се обидел да внесе 32 килограми и 766 грама канабис, а според информациите на дописничката на МИА од Атина, станува збор за македонски државјанин. Како што соопштија од грчката […]

Гостиварка поправала ролетна и паднала од балкон


Гостиварка завршила на скопските клиники со тешки повреди на главата откако паднала од балкон. Според СВР Тетово, педесетгодишната У.Ј, вчера околу 16 часот и 30 минути додека се обидувала да ја поправи ролетната на прозорецот, паднала од столче од балконската тераса. Балконот немал ограда и таа од висина од околу три метри паднала врз мермерните […]

Прегазен пешак на булеварот „Гоце Делчев“ во Штип


На булеварот „Гоце Делчев“ во Штип утрово се случи сообраќајна несреќа во која тешко е повреден пешак. Несреќата се случи во 9 часот и 10 минути на пешачки премин кога учениците од Средното електромашинско училиште „Коле Нехтенин“ преминувале на пешачки премин, а возило марка „фолксваген опел“ директно удрил во еден од пешаците и по булеварот […]

Исчезнатата Викторија се врати кај родителите


Петнаесетгодишната Викторија Настевска од селото Суводол се вратила дома, соопшти полицијата. Мајката на девојчето вчера во полициската станица пријавила дека таа е на безбедно. Родителите една недела ја бараа Викторија, а јавноста споделуваше фотографии, по веста дека таа последен пат била видена минатиот петок пред средното медицинско училиште во Битола каде што учи.