Тројца вооружени ограбија прилепска златарница


Полицијата работи на расчистување на вооружениот грабеж на златарницата во центарот на Прилеп, што се случи изутрината околу 8,40 часот, информираат од СВР Битола. Според портпаролот на СВР Битола, Сања Стаматова, грабежот го извршиле три непознати, вооружени лица, и, најверојатно не биле маскирани. -Со закани со оружје кон сопственичката на златарницата, успеале да украдат злато. …

Тројца вооружени ограбија прилепска златарница Read More »

Кавадарчанец пронајден мртов во својот дом


Педесет и петгодишен кавадарчанец бил пронајден мртов во вчера попладне околу 15.45 часот во неговиот дом. По наредба на јавен обвинител а заради утврдување на причината за смртта, телото е дадено за обдукција, информира денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Јавноста исклучена од судењето за Саздовски, се гледаат снимки од препознавање


На судењето за убиството на 20-годишниот Никола Саздовски во Кривичниот суд се репродуцираат видео материјали од процесот на препознавање на сторителите на кривичното дело. Пред изведување на видео снимката судијката Даниела Алексовска ја исклучи јавноста, со оглед дека станува збор за препознавање од малолетно лице. Предметот се наоѓа во доказна постапка и изведување на материјални …

Јавноста исклучена од судењето за Саздовски, се гледаат снимки од препознавање Read More »

Се изведуваат материјални докази за убиството на Никола Саздовски


Со изведување на материјални докази предложени од Обвинителството денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за убиството на 20-годишниот Никола Саздовски. Како материјални докази предложени се вештачења на автомобилот, потврди од одземени предмети и анализи, фотографии, психијатриски вештачења, лекарски извештаи и извештаи од МВР. Во судница се присутни двајцата обвинети Бесир Беља и Скендер …

Се изведуваат материјални докази за убиството на Никола Саздовски Read More »

Запленети 60 кг марихуана, уапсени тројца државјани на Албанија


Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција, со поддршка на ОСПО, ноќеска пресекле уште еден меѓународен канал за недозволена трговија со марихуана, при што се запленети околу 60 килограми марихуана и од слобода се лишени тројца државјани на Албанија. Како што соопшти МВР, во 1.40 часот по полноќ на магистралниот …

Запленети 60 кг марихуана, уапсени тројца државјани на Албанија Read More »

Фатени двајца крадци на златен накит од куќа во Тетово


Тетовците Ш.И.(26) и Б.Ќ.(26) вчера биле приведени од полицијата како осомничени за тешка кражба на златен накит извршена пред два дена во куќа на улица „108“ во Тетово. Како што информираа од СВР Тетово, при полициската контрола на двајцата, кај Б.Ќ. биле пронајдени и одземени пет парчиња златен накит и нож. Полицијата дел од одземениот …

Фатени двајца крадци на златен накит од куќа во Тетово Read More »

Камион прегазил жена пешак во Гостивар


Во сообраќајка со трагични последици една жена пешак го загуби животот на булеварот „Браќа Гиновски“ во населбата Малеарди. Според првичните информации на СВР Тетово, сообраќајката се случила околу 13:30 часот кога камион налетал на жена пешак, а од силината на ударот жената починала на самото место. Идентитетот на жената пешак се уше не е познат. …

Камион прегазил жена пешак во Гостивар Read More »

Телото на штипскиот пожарникар предадено на обдукција


Причините за смртта на 57- годишниот штипски пожарникар Ѓорѓи Џонов, кој почина синоќа гаснејќи пожар во населбата Автокоманда ќе се знаат по обдукцијата. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека настанот се случил околу 17 часот и 15 минути. Во гаснењето на пожарот на запален оџак во зграда во населбата Автокоманда на пожарникарот Џонов му …

Телото на штипскиот пожарникар предадено на обдукција Read More »

Полицаец загина во железничка несреќа


Полициски службеник А.Б. од Полициската станица Гази Баба е загинатото лице во железничката несреќа што утрово се случи на преминот Маџари во Скопје, потврдија од Министерството за внатрешни работи. – Товарен воз што сообраќал од Табановце кон Скопје утрово во 5:50 минути удрил во возило „фолксваген венто“ сопственост на МВР, а управувано од А.Б. полициски …

Полицаец загина во железничка несреќа Read More »

Пресечен меѓународен нарко канал, запленети околу 515 килограми марихуана


На граничниот премин Богородица, на излез од Република Македонија вчера се запленети околу 515 килограми марихуана во специјално направен бункер на кровот на приколката од камион со скопски регистерски таблици. -Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и …

Пресечен меѓународен нарко канал, запленети околу 515 килограми марихуана Read More »

Кавадарчанец обвинет за обид за убиство и противправно лишување од слобода на своја пријателка


Триесет и седумгодишен кавадарчанец кој со нож во јуни годинава ја прободе својата пријателка е обвинет обид за убиство и противправно лишување од слобода. – По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Велес до Основниот суд Велес поднесе обвинителен акт против 37-годишен жител на Кавадарци за сторено кривично дело – убиство од чл.123 ст.1 во …

Кавадарчанец обвинет за обид за убиство и противправно лишување од слобода на своја пријателка Read More »

Кавадарчанец ја избодел со нож својата пријателка и ја оставил да крвари


Триесет иседумгодишен кавадарчанец кој со нож во јуни годинава ја прободе својата пријателка е обвинет обид за убиство и противправно лишување од слобода. – По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Велес до Основниот суд Велес поднесе обвинителен акт против 37-годишен жител на Кавадарци за сторено кривично дело – убиство од чл.123 ст.1 во врска …

Кавадарчанец ја избодел со нож својата пријателка и ја оставил да крвари Read More »

Идентификувана и третата жртва на автобуската несреќа кај Лесковац


Идентификувана е и третата жртва во автобуската несреќа што вчера се случи кај Лесковац. Тоа е 63-годишната В.К од Кавадарци. Претходно беше утврден идентитетот на останатите две жртви, 68-годишна жена од Кочани со иницијали К.К и 68-годишен маж од крушевското село Бучин со иницијали В.Ш. Во Србија се уште се води истрага за сообраќајната несреќа, …

Идентификувана и третата жртва на автобуската несреќа кај Лесковац Read More »

Црногорец скршил маса во гостилница во Скопје и го претепал сопственикот


Основното јавно обвинителство Скопје започна постапка и одреди притвор за црногорски државјанин за сторено кривично дело – тешка телесна повреда, кој во ноември искршил маса во гостилница, а три дена по настанот кога со уште едно непознато лице дошол да му се извини на сопственикот го претепал до бессознание. -Осомничениот, заедно со непознато машко лице, …

Црногорец скршил маса во гостилница во Скопје и го претепал сопственикот Read More »

Судењето за „27 април“ одложено за 20 декември


Судењето за случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година се одложува за 20 декември, кога ќе треба да бидат изведени дополнителни докази предложени од одбраната на обвинетите. Дополнителни докази има одбраната на обвинетите Крсто Мукоски, Митко Чавков, Душко Лазаров, Мунир Пепиќ, Игор Југ и Александар Василевски Нинџа. Околу стотина аудио разговори …

Судењето за „27 април“ одложено за 20 декември Read More »

Тепачка во кичевски Зајас, едно лице повредено


Едно лице е повредено  во тепачка во угостителски објект во кичевското село зајас која се случила ноќеска во во 3:40  часот. Од полицијата информираат дека вербалната расправија помеѓу  К.Л. (32)  од село Колибари и У.З.(38) од  Кичево преминала во тепачка.  К.Л. се здобил со телесни повреди што биле констатирани во Општата болница во Кичево. Полициската станица …

Тепачка во кичевски Зајас, едно лице повредено Read More »

Поднесено обвинение против пет дилери на дрога


Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот суд Скопје 1 поднесе обвинителен акт против четири македонски државјани и едно лице со македонско и албанско државјанство. – На лицата им се става на товар дека сториле кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични …

Поднесено обвинение против пет дилери на дрога Read More »

Фатени пироманите што ја запалија „Мечка“


Две лица се уапсени поради сомневање дека пред дваесетина дена ја запалија кафеаната „Мечка“ во скопско Дебар Маало. Против нив е поднесена кривична пријава за тешки дела против општата сигурност. Од Основното јавно обвинителство велат дека истрагата утврдила оти осомничените најпрво набавиле едно шише запалива течност. „Потоа едниот осомничен чувал стража, додека другиот со течноста …

Фатени пироманите што ја запалија „Мечка“ Read More »

Двајца гостиварци се сомничат за киднапирање на роднина


Двајца гостиварци се приведени и задржани во полициска станица под сомнеж дека противправно лишиле од слобода нивна роднина. Според СВР Тетово, гостиварката Џ.С (30) синоќа околу 21 часот пријавила дека е противправно лишена од слобода во соба на мотел во Гостивар. По пријавата, приведени и задржани се нејзините роднини А.А.(32) и Б.О. (46), двајцата од …

Двајца гостиварци се сомничат за киднапирање на роднина Read More »

Јаќоски: Петте жртви кај Смилковско езеро се убиени во брз временски период


Со задоцнување од еден ипол час во Кривичниот суд почна рочиштето за случајот „Монструм“ на СЈО. Причина за пролонгирањето беше вклучениот аларм во новата зграда на Кривичниот суд. Поради неможноста да се исклучи алармот, беше прекинато снабдувањето со струја во судот. По надминувањето на проблемот, вработените, обвинетите и нивните бранители, кои чекаа пред зградата на …

Јаќоски: Петте жртви кај Смилковско езеро се убиени во брз временски период Read More »