Кавадарчанец пронајден мртов во својот дом


Педесет и петгодишен кавадарчанец бил пронајден мртов во вчера попладне околу 15.45 часот во неговиот дом.

По наредба на јавен обвинител а заради утврдување на причината за смртта, телото е дадено за обдукција, информира денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.