Пролонгиран почетокот на „Титаник 2“, се чека Мијалков


Сашо Мијалков се уште не е дојден во судот на ричиште за „Титаник 2“ поради процеудурите потребни за да се спроведе од затворот „Скопје“ по одредувањето на мерката притвор од 30 дена за „Империја“.

На судијата Огнен Ставрев му ветиле дека ќе биде донесен. Се чека да се доведе Мијалков, во 11 часот. Сите други обвинети за „Титаник 2“ се присутни. Се очекува судењето да почне околу 11 часот.
„Титаник 2“ се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година. Покрај Сашо Мијалков, обвинети се и лидерот на ДПА, Мендух Тачи, како и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.