Исчезнатата Викторија се врати кај родителите


Петнаесетгодишната Викторија Настевска од селото Суводол се вратила дома, соопшти полицијата.

Мајката на девојчето вчера во полициската станица пријавила дека таа е на безбедно.

Родителите една недела ја бараа Викторија, а јавноста споделуваше фотографии, по веста дека таа последен пат била видена минатиот петок пред средното медицинско училиште во Битола каде што учи.