Синот на Вучиќ добивал закани: Ќе висиш на бандера


Синот на српскиот претседател Александар Вучиќ, Данило, се најде на мета на закани и говор на омраза на социјалните мрежи. Нему на „Фејсбук“ му се заканувал С. М. дека ќе виси на бендера. Инаку, С. М. на профилната фотографија на Фејсбук е со автоматско оружје.

Прва жртва од свински грип во Албанија


Во Албанија  денеска почина 48-годишен маж како последица од вирусот АХ1Н1, познат како свински грип. Извори  од Инфективната клиника во Тирана, за тиранската телевизија „Ора њуз“ потврдиле дека починатото лице било хоспитализирано во средата, имало пневмонија, поради што уште повеќе му се влошила состојбата. – Жртвата пристигнала од Елбасан заедно со уште две други лица, […]

Подгорица: Маж загина во експлозија на автомобил во Подгорица


Во експлозија на автомобил во центарот на Подгорица денеска е убиен еден човек, изјави Нермин Абдиќ, директор на Ургентниот центар во главниот град на Црна Гора. Мажот беше донесен во тешка состојба, а лекарите неуспешно се обидоа да му го спасат животот. Според црногорски медиуми, станува збор за Никола Чупиќ (33), кој во полиција се […]

За седум години над 300 илјади Бугари се иселиле во Германија


Во моментов во Германија живеат повеќе од 416.000 Бугари, објавија Министерството за надворешни работи на Бугарија и Агенцијата за Бугарите во странство. Во 2011 година податоците на Министерството покажуваат дека во Германија имало нешто помалку од 75 илјади жители, што значи дека за седум години бројката на Бугари во Германија се искачила за 341 илјада. […]

Мики Манојловиќ: Протестите во Србија се залудни


Светски познатиот српски актер Мики Манојловиќ изјави дека протестите во Србија почнати пред осум недели се залудни, бидејќи опозицијата нема програма и нагласи дека актерите се неминовно вклучени во политиката, илустрирајќи го тоа со сегашниот негов ангажман во Хрватското народно казалиште (ХНК). Тој истакна дека политичките партии ги искористуваат актерите. „Се разбира дека и ние […]

На Косово почна означувањето на производите со знаменца


Примената на одлуката за поставување знаменца на земјите на потекло на производи започна во продавниците во Косово. Оваа одлука беше донесена на 29 декември 2018 година, кога министерот за трговија и индустрија потпиша административна инструкција со која се предвидува дека цената на сите производи на косовскиот пазар од левата страна да стои земјата на потекло. […]

Бужала: Рама наименува двајца министери од Косово, за да ја саботира владата на Харадинај


Познатиот косовски новинар Берат Бужала, не гледа благородна цел во одлуката на премиерот Еди Рама во својот кабинет да има двајца министри Косовци. Гостувајќи во емисија на тиранската телевизија „Ора њуз“, Бужала рече  дека со овој потег целта на Рама е да ја саботира Владата на косовскиот премиер Рамуш Харадинај и да премине на вториот […]

Могерини до Тачи: Повеќе нема време за губење


Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини соопшти вечерва дека во разговорот со косовскиот претседател Хашим Тачи повторила дека е неопходно укинување на таксите за производите од Србија, со цел побрзо да продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина. – Разговарав со претседателот Хашим Тачи и повторив дека таксите мора да се […]

Камион влетал во колоната возила на албанскиот премиер Еди Рама


Камион влетал во придружбата на албанскиот премиер Еди Рама, кој од Тирана патувал кон градот Берат. Сообраќајната несреќа се случила во местото Гоша, кво близина на Каваја. За среќа нема повредени, освен причинета материјална штета на возилата. Веста прво на Фејсбук ја објави поранешниот албански премиер и претседател, демократот Сали Бериша по што доцна попладнево […]

Весели: Ако се наруши партнерството со САД, коалицијата ќе се распадне


Претседателот на косовскиот Парламент и лидер на ДПК, која е највлијателна партија во владејачката коалиција, Кадри Весели, изјави денеска дека веднаш ќе ја напушти својата функција доколку се наруши партнерството со САД поради одбивањето на косовскиот премиер Рамуш Харадинај да се суспендираат таксите воведени кон Србија и БиХ. – Оној ден кога ќе биде нарушено […]

Вучиќ во клинч со Заев за средбите со Мицкоски


Регионална ситуација на „изгубени во преводот“ вчера предизвика делот од интервјуто на македонскиот премиер Зоран Заев за телевизијата Н1 во кое тој зборува за средба меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред бегството на Никола Груевски. Телевизијата и агенцијата Танјуг најпрвин пренесоа дека Заев кажал дека пред да го фати […]

И Мицотакис бара предвремени избори во Грција


Претседателот на најголемата грчка опозициска партија Нова демократија, Кирјанкос Мицотакис, на состанокот со новите партиски секретари рече дека неговата процена е дека на 26 мај, заедно со евроизборите ќе се одржат и парламентарни избори во Грција. – Пред нас имаме многу работа, имаме нешто повеќе од 100 дена до денот на изборите на 26 мај […]

Заев и Ципрас ќе бидат наградени во Минхен


Наградата „Ewald von Kleist“ на Минхенската безбедносна конференција, оваа година, ќе им биде доделена на Зоран Заев и Алексис Ципрас за Договорот од Преспа, објави „Дојче Веле“ на грчки јазик. Претседателот на конференцијата, Волфганг Ишингер на неговиот официјален Твитер профил на 25 јануари, кусо откако Преспабнскиот договор беше ратификуван од грчкиот Парламент, напиша дека „ […]

Американскиот амбасадор ја напуштил средбата со косовските лидери


Косовската јавна радиотелевизија (РТК) на својата веб-страница објави дека американскиот амбасадор Филип Коснет ја напуштил денешната средба со косовските лидери нервозен и им ја треснал вратата на излегување. Повикувајќи се на сопствени анонимни извори, РТК тврди дека Коснет бил видно изреволтиран од некои изнесени ставови на средбата во врска со американското барање за укинување на […]

Криза во косовската Влада поради таксата кон Србија, коалициските лидери на средба кај Тачи


Лидерите на најголемите партии од владејачката коалиција, премиерот Рамуш Харадинај од Алијансата за иднината на Косово (ААК), претседателот на Собранието, Кадри Весели од Демократска партија на Косово (ПДК) и вицепремиерите Фатмир Лимај од Социјалдемократска иницијатива (Нисма) и Беџет Пацоли од Алијансата Ново Косово (АКР), вечерва повторно се собраа на средба кај претседателот на државата Хашим […]

Нападнат новинар на РТВ Ваљево


Новинарот на Радио телевизија Ваљево, Марко Аќимовиќ (33) е нападнат пред Градското собрание на тој град.  Неколку непознати лица му задале повеќе удари на новинарот. Поради нападот врз новинарот пред Градското собрание се одржува собир со барање за оставка на градоначалникот на Ваљево. Од полицијата соопштија дека во тек е истрага за инцидентот.

Харадинај не ја исклучува можноста Владата да падне


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај не ја исклучува можноста од распаѓање на владејачката коалиција, доколку партнерите продолжат да застапуваат спротивни ставови во однос на одлуката на Владата на Косово за такса од 100 отсто на увозот од Србија и од Босна и Херцеговина. Запрашан од новинарите дали постои опасност коалицијата да се растури, Харадинај одговори дека […]

Отстранети македонски регистерски таблички на автомобил во Солун


Средношколци од Солун денеска протестираа во центарот на градот против Договорот од Преспа. Во знак на револт поради ратификувањето на договорот од страна на двете земји, средношколците отстранија и македонски регистерски таблички од автомобил кој беше паркиран во Солун., јавува Вориа.гр. Подоцна, на автомобилот осамна и поракана напишана на англиски јазик која се однесуваше на сопственикот […]

Ѓуриќ од Северна Митровица: Поддршката на српската влада за косовските Срби ќе расте


Директорот на Канцеларијата за Косово во Владата на Србија, Марко Ѓуриќ, кој допатува утрово во Северна Митровица, изјави дека во Косово доаѓа со јасна порака од српската Влада дека поддршката за косовските Срби нема да престане во ниту еден момент, јави дописникот на МИА од Приштина. Во изјава за локалната телевизија Мост, Ѓуриќ порача дека […]

Статакис: Договорот за името ќе донесе инвестиции на Балканот


Со Договорот од Преспа се отвораат различни трговски и инвестициски можности, економските односи кои постојат, веќе добиваат поинаква динамика, пишува министерот за животна средина и енергија на Грција, Јоргос Статакис во колумната за неделникот „Finance & Markets Voice“. – Проширувањето на меѓународните организации во регионот и, пред сè, обединувањето на балканските економии во една единствена […]