Протест на опозицијата во Тирана: Димни бомби и боја врз Владата


Обединетата албанска опозиција, предводена од Демократската партија, вечерва пред Владата во Тирана го одржува третиот „национален протест“ со барање за заминување на премиерот Еди Рама и формирање преодна Влада која ќе спроведе предвремени парламентарни избори.

Пред Владата се насобрани илјадници приврзаници на опозицијата и незадоволни граѓани, кои во очекување на партиските лидери веќе почнаа да фрлаат димни бомби и боја врз објектот. Преку мегафон постојано се апелира до присутните да ја зачуваат ладнокрвноста.

На протестот учествуваат и жителите од населбата „Астир“ чии домови треба да бидат урнати поради изградбата на големата обиколница во Тирана. Тие носат голема парола на која пишува „Влада на криминалот“. Вечерашнот е девети по ред протест на опозицијата, шесте ги одржа пред парламентот.

Поради дождливото време поделени беа чадори на кои пишува „Рама оди си“.

За безбедноста се ангажирани над 1.500 припадници на полицијата, а на повисоките објекти може да се забележат и  снајперисти.

Различно од претходните протести не е само почетокот во доцните попладневни часови, туку и поставената бина, од која се обрати лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша. Според полицијата, опозицијата има дозвола протестот да трае до полноќ.