Авионите на НАТО прв пат во мисија за заштита на небото над ЦГ: Пресретнаа авион од Хрватска


Авионите на НАТО прв пат учествуваа во заштита на воздушниот простор над Црна Гора, соопшти Алијансата.

Како што се наведува, авионите на НАТО се ангажирани откако во Црна Гора влегол цивилен авион кој над Хрватска изгубил комуникација со контролата на воздушен сообраќај.

Во соопштението доставено до медиумите во Подгорица, се наведува дека тој авион бил пресретнат во вторникот од два авиона „јурофајтер“ на италијанското воено воздухопловство.

Одлуката италијанските авиони да полетаат од воздухопловната база „Џоја дел Коле“, на околу 20 километри јужно од Бари, ја донесол НАТО центарот за комбинирани воздушни операции во Торехон во Шпанија.

„Двата авиона „јурофајтер“ кои се во позоција на подготвеност да го заштитат воздушниот простор на НАТО над Италија, Албанија и Црна Гора успешно го пресретнаа авионот само неколку минути подоцна“, се наведува во сооппштението на Алијансата.

Се додава дека пилототе на „јурофајтер“ авионите направиле визуелна проверка на авионот за да јаисклучат можноста од евентуални незаконски дејствија.

Утврдено е дека до губење на контактот со контролата на летање дошло поради недоразбирање.

Како што се наведува, по продолжувањето на комуникацијата, авионот продолжил кон својата дестинација во Египет.