Европската иднина на Албанија во рацете на грчкото малцинство?


Грчкиот премиер Алексис Ципрас за време на состанокот во Дубровник со својот албански колега Еди Рама истакна дека прашањето за правата на грчкото малцинство во Албанија е клучно за поддршката на Грција во процесот на европска интеграција на Тирана, објави АНА-МПА.
Состанокот на двајцата премиери дојде неколку недели откако албанскиот премиер Еди Рама поднесе измена на законот за развој на туризмот на брегот на Албанија, според кој грчкиот имот во крајбрежната област Химаре може да биде конфискуван.