Анкета: Мнозинството Хрвати незадоволни од работата на Владата


Мнозинството Хрвати се наздоволни од работата на Владата на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, покажуваат резултатите од најновата анкета на агенцијата КРО Демоскоп. Според овие резултати, 50,6 отсто од испитаниците изјавиле дека не ја поддржувааѕ политиката на Владата, додека 31,8 проценти имале позитивно мислење за нејзината работа. Дури 68,7 отсто од анкетираните оцениле дека Хрватска „се […]

Албански дипломат: Рама не сака членство на Албанија во ЕУ


Албанскиот дипломат од кариера Агим Нешо, гостувајќи во еимисијата „360 степени“ на тиранската телевизија Ора њуз, го обвини албанскиот премиер Еди Рама дека не сака членство на Албанија во Европската Унија, поради неговиот „сојуз на корупцијата“. – Од една страна постои желбата на народот за влез во ЕУ, а од друга страна Рама и неговата […]

Грчкиот Парламент го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО


Со 153 гласа „за“, 140 „против“ и еден воздржан, Парламентот на Грција вечерва, по речиси 11-часовна расправа, го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО. Вкупно гласаа 294 пратеници, а освен сите 145 членови на СИРИЗА, односно целата пратеничка група, „за“ гласаа и осумте пратеници кои го поддржаа и Договорот од Преспа: Претседателот на Демократска левица […]

Почна гласањето за ратификација на Протоколот за членство во НАТО


Во грчкиот Парламент започна гласањето за ратификација на Протоколот за членство во НАТО. Со прозивање, сите 300 пратеници ќе треба да кажат дали гласаат „да“, „не“ или „воздржано“ за нацрт-законот на Министерството за надворешни работи на Грција „Ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор за пристап на Република Северна Македонија“. Претходно, лидерот на Нова демократија, Кирјакос […]

Препукувања меѓу Ципрас и Каменос во грчкиот Парламент


 До неодамна коалициските  партнери во грчката влада, Алексис Ципрас и Панос Каменос, си упатија остри обвинувања и критики за време на расправата во грчкиот парламент за ратификација на Протоколот за членство во НАТО. Каменос обвини дека тие се замолчени, Ципрас му порача дека не дозволил да стане новиот Самарас, јави дописничката на МИА од Атина. […]

Бројот на загинати во уривањето на зградата во Истанбул се зголеми на 14


Бројот на загинати во уривањето на зградата во Истанбул се зголеми на 14 жртви, откако денеска се најдени уште три тела, изјави турски официјелен претставник. Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу претходно изјави дека 14 лица се спасени од под урнатините на зградата во населбата Картал, во азискиот дел на Истанбул. – Тие кои […]

Тачи добил поддршка од Помпео и Пелоси за постигнување конечен договор со Србија


Претседателот на Косово Хашим Тачи, кој престојува во Вашингтон за Молитвениот појадок во организација на американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти дека се сретнал со државниот секретар на САД, Мајк Помпео и со претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси и дека од двајцата добил поддршка за постигнување договор со Србија. Тачи информацијата ја соопшти преку својот […]

Нацрт законот за Протоколот за членство во НАТО доби зелено светло од надлежната комисија во грчкиот Парламент


Како што произлегува од расправата и од ставовите на членовите на Комисијата, нацрт законот од Министерството за надворешни работи „Ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор за пристап на Република Северна Македонија“, е прифатен првично, во целост и од мнозинството, рече претседателот на Комисијата за национална безбедност и надворешни прашања на грчкиот Парламент, Константинос Дузинас, на […]

Нова демократија нема да гласа за ратификација на Протоколот за членство на Македонија во НАТО


Денес сме овде да разговараме за последниот, формален чекор за една донесена обврска за земјата, веќе донесена одлука од ратификацијата на штетниот Договор од Преспа, рече надлежниот за надворешна политика во најголемата грчка опозициска партија, Јоргос Кумуцакос говорејќи како известувач за нацрт законот пред членовите на Комисијата за национална одбрана и надворешни прашања во грчкиот […]

Захариева: Процесот на евроинтеграција е неповратен за Западен Балкан


Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева изјави дека по бугарското претседавање со ЕУ, процесот на европска интеграција на Западниот Балкан е неповратен. -Западен Балкан веќе учествува на состаноците на ЕУ на високо ниво, во рамки на работните групи, како и во текот на важни дебати, како што е таа за иднината на Европа, […]

Џуфи: Косово ќе ги укине царините, изјавите на Харадинај се недипломатски


Познатиот албански историчар и поранешен пратеник и дипломат, Пелумб Џуфи изјави дека воведената царина од 100 отсто од страна на косовската Влада за српските призводи ќе биде укината. Тој ја коментираше и изјавата на косовскиот премиер Рамуш Харадинај, во која меѓу другото на дипломатите на ЕУ им вели дека „Европа го изгубила патот во дворот“, […]

(ФОТО) Хрватска: Средношколец ги жигосувал соучениците со усташки симбол


Во задарската Економско-биотехничка и трговска школа ученик во средното училиште од прва година со вжарен предмет во форма на латиничната буква „U”, ги жигосувал соучениците. Сè се случувало за време на часовите, објави „Задарски лист“. Едно девојче се здобило со две изгореници на раката, додека едно момче добило изгореница на вратот. Тој на соученичката од […]

Девојче и момче спасени од под урнатините на зградата во Истанбул


Спасувачите денеска извлекоа петгодишно девојче и деветгодишно момче од под урнатините на осумкатницата која вчера се урна во Истанбул. Девојчето Хава Текгоз е спасено откако 18 часа помина под урнатините. Во текот на изминатата ноќ спасено е и едно деветогодично момче. Во несреќата загинаа најмалку три лица, а 13 луѓе се спасени. За сега не […]

Влезницата за НАТО стаса во Атина


Комисијата за национална одбрана и надворешни работи на грчкиот Парламент, денеска во 13 часот по локално време ќе го разгледа нацрт законот за „Ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор за пристап на Република Северна Македонија“. Известувачи за нацрт законот се пратеникот од СИРИЗА и поранешен министер за цивилна заштита, Никос Тоскас и пратеникот од Нова […]

Советникот на Весели најави укинување на 100 процентната царина  за српските  производи


 Адри Нурелари, советник на претседателот на косовскиот Парламент, Кадри  Весели најави дека е можно многу набрзо да биде укината царината од 100 проценти за српските прозводи, воведена во ноември. – Постои голем притисок од САД. Весели го поднесе својот план за укинување на царината за 20 дена, за да му се даде шанса на мирот. […]

Баша со ултиматум до Рама: Поднеси оставка најдоцна до 15 февруари


Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша, вечерва му порача на премиерот на Албанија Еди Рама дека има рок да си замине од функцијата најдоцна до 15 февруари, бидејќи потоа „ќе зборува народот“. Ултиматумот Баша го упати од протест на жителите на тиранската населба Астир, кои околу три месеци протестираат против изградбата […]

Весели ја потпиша одлуката за Статутот на Трепча, рудникот во стопроцетна сопственост на Косово


Претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели ја потпиша одлуката на законодавниот дом за Статутот на Трепча, со што овој рудник во иднина ќе биде акционерско друштво во стопроцентна сопственост на Република Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Изгласувањето пред неколку дена во Собранието на Косово на Статутот на рударскиот комбинат предизвика нов судир меѓу […]

Харадинај: Косово ја прекина комуникацијата со УНМИК


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај соопшти дека Косово ја прекина комуникацијата со Мисијата на Обединетите нации во Косово (УНМИК), додавајќи дека писмата што оваа Мисија ги праќа до ОН „не се одраз на вистината“. Како што јави Радио Слободна Европа, изјавата на Харадинај следи откако генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш оцени дека најголем проблем во […]

Рот: Време е Албанија да почне преговори за членство во ЕУ


Албанија постигна многу резултати и сега е моментот да ги започне преговорите за членство во Европската унија, изјави германскиот министер за Европа Михаeл Рот на средбата во Тирана со спикерот на албанскиот Парламент, Грамоз Ручи. – Албанија веќе постигна толку многу, посебно во правосудните реформи. Треба да се направи понатамошен напредок во изборните реформи, регионалното […]

Весели: По Македонија, и Косово набргу ќе стане членка на НАТО


Претседателот на косовското Собрание Кадри Весели го поздрави потпишувањето на Протоколот за пристап на Македонија кон НАТО, при што изрази надеж дека и Косово набргу ќе се приклучи на Алијансата. Весели на својата страница на Фејсбук оцени дека проширувањето на НАТО со земјите од регионот претставува „мошне значаен и корисен процес, што го зацврстува мирот […]