Во Атина поставен споменик на Александар Македонски висок 3,5 метри


Споменикот на античкиот крал Александар Македонски е поставен во центарот на Атина на аголот на улиците „Амалија“ и „Василисис“, објави грчкиот весник „Катимерини“.

Ова е втората статуа на Александар Македонски во Грција, покрај онаа поставена во Солун до Белата кула. Овој споменик е дело на познатиот грчки скулптор Анис Папас (1913-2005). Одлуката да се постави споменик на еден од најголемите воени лидери во историјата ја донесе градскиот совет на Атина.

Трошокот за поставување на споменикот на Александар Македонски, висок 3,5 метри, беше покриен од семејството на уметникот.