Хојт Ји: Проширувањето на ЕУ до 2025 година не е реално


Проширувањето на ЕУ до 2025 година не е реално и штетно е што Западниот Балкан се преправа дека спроведува реформи, а ЕУ дека тие се спроведени, изјави поранешниот заменик на помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Брајан Хојт Ји. – Нема потреба да се откажува од евроинтеграциите, но важно е да се […]

Средба Си-Вучиќ: Кина и Србија ги поврзува „челично пријателство“


Билатералните односи, економската соработка и косовското прашање беа главни теми на денешната средба на претседателите на Кина и Србија, Си Џинпинг и Алексндар Вучиќ во Пекинг. Како што јави Танјуг, на средбата е оценето дека Пекинг и Белград ги поврзува „челично пријателство“, при што Вучиќ му се заблагодарил на Си за „сето она што Кина […]

Српската листа не доби дозвола за учество на локалните избори во северно Косово


Централната изборна комисија (ЦИК) на Косово не ја завери најголемата партија на косовските Срби, Српската листа (СЛ) и нејзините четворица кандидати за вонредните локални избори во северно Косово на 19 мај, јави дописникот на МИА од Приштина. На денешната седница на ЦИК беа присутни девет од 11 членови, за заверка на кандидатите на СЛ гласаа […]

Давутоглу со критики за владејачката АКП


Поранешниот турски премиер и близок соработник на турскиот претседател, Ахмет Давутоглу на Фејсбук објави текст на 15 страници, во кој ја критикува владејачката Партија на правдата и развојот (АКП). Документот објавен од Давутоглу потсетува на предизборен или политички манифест, а одредени медиуми објавија дека во следните месеци тој би можел да формира своја партија. Давутоглу […]

Харадинај им се заблагодари на САД за помошта околу враќањето на 110 косовски државјани од Сирија


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска им одаде признание на сите институции на Косово кои биле ангажирани во репатријацијата на косовските државјани од воените жаришта во Сирија и воедно се заблагодари на Владата на САД за поддршката за успешната реализација на операцијата, јави дописникот на МИА од Приштина. Ноќта меѓу петокот и саботата, односно меѓу 19 […]

Автопатот Приштина – Скопје ќе се пушти во употреба на 29 мај


Автопатот „Арбен Џафери“, кој го поврзува косовскиот главен град со Северна Македонија, ќе биде целосно пуштен во употреба на 29 мај оваа година, јави дописникот на МИА од Приштина. Информацијата за привршувањето на градежните работи на автопатот од Приштина до Генерал Јанковиќ, односно до граничниот премин Блаце меѓу Косово и Северна Македонија, ја изнесе Министерството […]

Косовскиот вицепремиерот ги повикува Албанците во Македонија за кого да го дадат својот глас


Вицепремиер и министер за надворешни работи на Косово Беџет Пацоли сподели статус на Фејсбук каде им порачува на Албанците во Македонија за кого да го дадат својот глас. -Го ценам непречен развој на претседателските избори, како и делумните локални избори во Република северна Македонија. Овој процес претставува уште еден чекор во демократската зрелост на оваа […]

Продолжен притворот за двајцата Срби осомничени за убиството на Оливер Ивановиќ


 Приштинскиот суд им го продолжи денеска за два месеца притворот на припадниците на косовската полиција Недељко Спасојевиќ и Марко Рошиќ, осомничени за вмешаност во убиството на лидерот на партијата Граѓанска иницијатива Србија, демократија, правда, Оливер Ивановиќ на 16 јануари 2018 година. Адвокатот на Спасојевиќ и Рошиќ, Негован Шарановиќ информира дека од вчера неговите клиенти стапиле во […]

Албанската полиција уапси жител на Елбасан поради тероризам


Албанската полиција во градот Елбасан го уапси Блендар Ибрахми (28) жител на овој град кој бил дел од терористички организации и се смета за лице со висок ризик за општествената безбедност. Во акцијата на неговото апсење освен припадници на Полицискиот комесаријат на Елбасан, учествувале и припадници на управата за антитеризам при Министертвото за внатрешни работи […]

Брнабиќ: До октомври тешко до договор со Косово


Српската премиерка Ана Брнабиќ, по повод медиумските извештаи дека до октомври се очекува постигнување на договор помеѓу Белград и Приштина, изјави дека притисоците се зголемуваат, како и оти разграничувањето никогаш не било на дневен ред, ниту имало конкретни предлози, туку е споменувано само како една од опциите. – Никогаш тој предлог не беше на маса. […]

Силен ветар остави без струја неколку населени места во Косово


Компанијата за дистрибуција на електрична енергија во Косово (КЕДС) објави дека силниот ветар кој дува во земјата предизвика дефекти на нивните мрежи во повеќе населени места во оштините Урошевац, Митровица и Гњилне, јави дописникот на МИА од Приштина. Силниот ветар предизвика 11 дефекти во регионот на Урошевац, три во Митовица и два во Гњилане, при […]

Триесет години затвор за убиецот на бугарската новинарка Маринова


Бугарски суд вчера го осуди Северин Красимиров на 30 години затвор, поради силување и убиство на телевизиската новинарка Викторија Маринова. Телото на Маринова беше пронајдено на 6 октомври минатата година во реката Дунав во градот Русе во северна Бугарија. Обвинетиот, 21-годишниот Красимиров, денеска се појави во судница под силни безбедносни мерки и со лисици на […]

Мицотакис: Ќе го поддржиме името автентична Македонија


Ќе се бориме да го поддржиме името или брендот Македонија, вистинската Македонија би рекол, автентичната Македонија. Автентична Македонија, на англиски би било real Macedonia, тоа е нашата Македонија, вели претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис во интервјуто за грчката телевизија „Алфа“ и објаснува дека неговата партија ќе започне комуникациска кампања за „поддршка на Македонија“. Мицотакис, […]

Вучиќ поради болест ги откажа најавените активности


Српскиот претседател Александар Вучиќ поради болест не присуствува на денешните собири со кои се одбележува 20-годишнината од бомбардирањето на авионите на НАТО на зградата на Радио Телевизија Србија (РТС), тврди „Блиц“. Весникот наведува дека поради болеста Вучиќ ги откажал сите планирани активности за денеска и за утре. Кабинетот на Вучиќ не ги коментираше ваквите тврдења, […]

Анагностопулу: Граѓаните од Северна Македонија се изјаснија за европска перспектива


Заменик – министерката за надворешни работи на Грција, Сиа Анагностопулу по првиот круг на претседателските избори во Северна Македонија смета дека двајцата кандидати кои го поддржуваат Договорот од Преспа освоија 11 отсто повеќе гласови од кандидатката од националистичкиот блок, што покажува дека граѓаните се изјасниле за европска перспектива на својата земја. Во интервју за радиото […]

Месиќ за распадот на СФРЈ: Немаше потреба од војна, можевме да имаме конфедерација


Поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ во интервју за Дојче Веле, дадено на маргините на Бизнис Форумот во Сараево, истакна дека регионот треба да ги надмине политичките бариери. Запрашан да ја спореди моментната ситуација во БиХ со онаа пред повеќе од 30 години во поранешна СФРЈ, Месиќ истакна дека „војната воопшто не била потребна“. – Војната […]

Нападнат лидерот на главната опозициска партија во Турција


Лидерот на главната опозициска Републиканска народна партија во Турција е нападнат додека присуствувал на погребот на војник, кој загинал во борбите против припадниците на забранетата Курдска работничка партија (ПКК). На видео снимки се гледа како Кемал Киличдароглу е удрен најмалку двапати додека обезбедувањето се обидува да го извлече од насобраниот народ. Тој успеал да го […]

Премиерката на Нов Зеланд прогласена за почесен граѓанин на Нови Пазар


На свечена седница по повод Денот на градот, членовите на собранието во Нови Пазар ѝ доделија титула почесен граѓанин на градот на премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн. На седницата беа донесени одлуки за доделување признание, титула и Повелба на градот на заслужни поединци и институции. Со одлуката на 31 советник, Повелбата на градот на […]

Мира Марковиќ погребана во Пожаревац покрај сопругот Слободан Милошевиќ


Урна со посмртните остатоците на Мирјана Марковиќ вчера беше положена во заедничка гробница, покрај сопругот Слободан Милошевиќ, поранешниот претседател на Србија и СР Југославија, во дворот на нивната семејна куќа во Пожаревац. Погребот се одржа во 15 часот, но на него не присуствуваше ниту еден член од најблиското семејство. Пред положување на урната, беше прочитано […]

Двајца загинати во авионска несреќа во Бугарија


Пилотот и патник на мал приватен авион вчера загинаа кога леталото се урна во јужниот дел на Бугарија. – Авионот „Зодијак“ со две седишта, беше на промотивна тура, а за време на летот едното крило се оддвоило, при што авионот се урна во близина на стадионот во село Оризаре, каде имаше натпревар, изјави шефот на […]