Премиерката на Нов Зеланд прогласена за почесен граѓанин на Нови Пазар

На свечена седница по повод Денот на градот, членовите на собранието во Нови Пазар ѝ доделија титула почесен граѓанин на градот на премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн.

На седницата беа донесени одлуки за доделување признание, титула и Повелба на градот на заслужни поединци и институции.

Со одлуката на 31 советник, Повелбата на градот на Нови Пазар оваа година им припадна на министерот за здравство на Република Србија, Златибор Лончар, министерот за култура на кантонот Сараево, Мирвад Куриќ и директорот на ЈП „Србијаводи“, Горан Пузовиќ.