Мира Марковиќ погребана во Пожаревац покрај сопругот Слободан Милошевиќ


Урна со посмртните остатоците на Мирјана Марковиќ вчера беше положена во заедничка гробница, покрај сопругот Слободан Милошевиќ, поранешниот претседател на Србија и СР Југославија, во дворот на нивната семејна куќа во Пожаревац.

Погребот се одржа во 15 часот, но на него не присуствуваше ниту еден член од најблиското семејство.

Пред положување на урната, беше прочитано писмо од ќерката Марија, која меѓудругото рече дека ѝ е многу жал што таа одлучила да биде погребана во Пожаревац: „Ти и тато ќе бидете сами, каде што јас и Марко никогаш нема да дојдеме“.

Мира Марковиќ почина на 14 април на 77 години во Москва од компликации предизвикани од воспаление на белите дробови.