Сервер: Евентуална поделба на Косово ќе ја отвори Пандорината кутија


Евентуална промена на границите на Косово би ја отворила Пандорината кутија на Западен Балкан, но и во други држави во светот, изјави професорот на Универзитетот „Џон Хопкинс“, Даниел Сервер гостувајќи на белградската регионална телевизија Н1. – Менувањето на границите би довело до нестабилност во Македонија и во Босна и Херцеговина, но и во други држави …

Сервер: Евентуална поделба на Косово ќе ја отвори Пандорината кутија Read More »

Во Грција разбиена мрежа за препродажба на новороденчиња


Грчката полиција уапси девет лица, кои се осомничени дека се дел од мрежа што се занимавала со препродажба на новороденчиња на двојки кои не можат да имаат деца. Полициската акција била спроведена во реонот на Атина, откако двајца припадници на полицијата, кои се претставиле како брачна двојка што нема деца, стапиле во контакт со криумчарите. …

Во Грција разбиена мрежа за препродажба на новороденчиња Read More »

Русија го повика на разговор грчкиот амбасадор во Москва


Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека го повикало на разговор грчкиот амбасадор во Москва. Во соопштението на Министерството се наведува дека на амбасадорот му бил пренесен одговорот на Русија на „непријателските активности што Атина ги изврши во текот на јули“. Грчките власти минатиот месец протераа двајца руски дипломати и на двајца други им …

Русија го повика на разговор грчкиот амбасадор во Москва Read More »

Рекорден број разводи во Албанија


Статистичките податоци од албанското Министерство за правда потврдуваат дека минатата година во земјата регистрирани се 7.956 разводи, што е најголема бројка во последните пет години. Споредено со 2016 година, лани имало 311 разводи повеќе. По бројот на разводи прва е Тирана со 1.897 разводи, па следат Валона, Елбасан, Фиер,Скадар и Корча. Пук и Тропоја и …

Рекорден број разводи во Албанија Read More »

Нова демократија: Ципрас е одговорен за ситуацијата во Грција


Колку улоги и да им смени на неговите соработници, грчкиот премиер Алексис Ципрас е одговорен за ситуацијата во земјата, изјави портпаролката на Нова демократија, Марија Спираки во врска со шпекулациите за можна реконструкција во грчката Влада, – Колку улоги и да им смени на неговите соработници, одворноста за ситуацијата во земјата е само негова. И …

Нова демократија: Ципрас е одговорен за ситуацијата во Грција Read More »

Од Западен Балкан на аџилак во Мека ќе заминат 4.212 верници


Од земјите од Западен Балкан на аџилак во светите муслимански места Мека и Медина ќе заминат 4.212 верници, од коиј најголем број се од Босна и Херцеговина и Косово. Годинава од Македонија на аџилак во Саудиска Арабија ќе патуваат 672 верници, од Албанија 470, од Косово 1.080, од Босна и Херцеговина 1.680, од Србија 235, …

Од Западен Балкан на аџилак во Мека ќе заминат 4.212 верници Read More »

Русија најголем инвеститор на Западен Балкан


Западен Балкан може да стане алтернативна локација за странски директни инвестиции, објави Виенскиот институт за меѓународни истражувања (WIIW) во извештај, наведувајќи дека причините за ова се недоволно искористената работна сила и подобрената инфраструктура. Во извештајот на WIIW за регионален бизнис се вели дека приливот на странски директни инвестиции во 2018 година е под влијание на …

Русија најголем инвеститор на Западен Балкан Read More »

Весели: Нема да разговараме за поделба на Косово


Претседателот на косовското Собрание Кадри Весели тврди дека поделба на Косово под ниту едни околности нема да биде тема на дијалогот, и истакна дека финалниот дел од преговорите ќе донесат признавање на Косово и членство во ОН. – Косово ќе учествува во дијалогот, така што финалниот дел од преговорите ќе обезбедат меѓународно обврзувачки договор, што …

Весели: Нема да разговараме за поделба на Косово Read More »

Земјотрес во Индонезија, загинаа 82 лица


Најмалку 82 лица загинаа во силниот земјотрес со интензитет од седум степени по Рихтеровата скала, кој вчера го погоди индонезискиот остров Ломбок. Илјадници лица се евакуирани од зградите и префрлени во засолништа на отворено. Земјотресот беше почуствуван и на соседниот остров Бали. Индонезиската Влада потврди дека 82 лица загинаа во земјотресот и дека стотици лица …

Земјотрес во Индонезија, загинаа 82 лица Read More »

Во Грција сменети началниците на полицијата и на противпожарната служба


Во Грција денеска се сменети началници на полициските сили и на пожарникарски бригади по кобните пожари на Атика во кои загинаа најмалку 90 луѓе. Функциите на тие две служби ги преземаат нивните заменици, соопштија од Кабинетот на премиерот Алексис Ципрас. Под притисок на јавноста во петокот оставка поднесе министерот за јавен ред Никос Тоскас.

Вучиќ: Странски сили се мешаат во политиката на Србија


Српскиот претседател Александар Вучиќ по седницата на Советот за безбедност и потоа по средбата со српскиот патријарх Иринеј изјави дека во изминатите денови е забележано „агентурно дејствување од разни центри на моќта, во смисла дека нешто страшно се `крчка`, како страшните злосторници од Белград со нешто помалку страшните злосторници во Приштина нешто подготвуваат“, отфрлајќи ги …

Вучиќ: Странски сили се мешаат во политиката на Србија Read More »

Бугарските проститутки заработуваат и по 3.000 евра недело


До 3.000 евра неделно заработуваат елитните проститутки во големите летувалишта на бугарското крајбрежје. Нивните поскромни колешки, кои се среќаваат со туристите покрај брегот, добиваат меѓу 300 и 400 евра. Толкави се заработувачките во јули, а за август се очекува да бидат поголеми, објави бугарскиот весник „Труд“. За младите Англичани и Германци, Бугарија веќе се стекна …

Бугарските проститутки заработуваат и по 3.000 евра недело Read More »

Видео од апсењето на 28 хрватски навивачи кои направија хаос во Србија


Дваесет и осум членови на навивачката група „Торцида“ од Сплит, кои во четвртокот изутрина дивееја на бензинска пумпа „Мол“ во Врчин, вчера беа уапсени. Тие беа изведени пред судија за прекршоци. За овие случувања се огласи и вицепремиерот на Република Србија и министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ. Тој рече дека припадниците Министерството за внатрешни …

Видео од апсењето на 28 хрватски навивачи кои направија хаос во Србија Read More »

Национална опсерваторија од Атина: 70 отсто од Мати целосно изгоре


По катастрофалниот пожар на 23 јули во источниот дел на областа Атика, целосно изгореле 70 отсто од областа Мати, а 30 проценти делумно или воопшто, соопшти Центарот за управување со природни катастрофи од Националната опсерваторија од Атина. Како што јави дописничката на МИА од Атина, од опсерваторијата соопштуваат дека ортофото картата што покрива површина од …

Национална опсерваторија од Атина: 70 отсто од Мати целосно изгоре Read More »

(ВИДЕО) Невреме во Нови Сад: Се урна покривна конструкција на бензинска пумпа


Покривната конструкција на пумпата НИС во новосадската населба Лиман 3, позната како „Мала печурка“, се урна вчера попладне во Нови Сад. Причина е невремето што го погоди градот, објавија локалните медиуми. Еден 32-годишен маж бил повреден, кој се здобил со повреди на градниот кош. По несреќата, повредениот бил транспортиран до Ургентниот центар во Нови Сад …

(ВИДЕО) Невреме во Нови Сад: Се урна покривна конструкција на бензинска пумпа Read More »

Уапсени двајца Косовци што го запалиле турското знаме


Косовската полиција уапси две лица во Ѓаковица, кои на социјалните мрежи објавија видео на кое се гледа како го палат знамето на Република Турција, јави дописникот на МИА од Приштина. По реакциите од граѓани и од разни политички субјекти, полицијата покрена истрага, по што ги идентификува и денеска, со одлука на надлежен обвинител, ги приведе …

Уапсени двајца Косовци што го запалиле турското знаме Read More »

„Коха Диторе“: Изјавите за бришење на границата Косово-Албанија повеќе пропаганда отколку реалност


Изјавите на албанскиот министер за дијаспора, Пандели Мајко, дека од јануари 2019 ќе нема граница меѓу Албанија и Косово, повеќе треба да се гледаат како средства за пропагандистичко консумирање и изборни гласови, отколку како нешто што реално може да се случи наскоро, пишува денеска „Коха Диторе“. Како што јави дописникот на МИА од Приштина, Мајко …

„Коха Диторе“: Изјавите за бришење на границата Косово-Албанија повеќе пропаганда отколку реалност Read More »

Даут Харадинај: Тачи греши, промената на границите води во војна


Пратеникот на Алијансата за иднината на Косово (ААК), Даут Харадинај смета дека идејата за корекција на границите, која на последните прес-конференции ја пласира претседателот Хашим Тачи, носи нов конфликт и е опасна за Косово, но и за сите земји од регионот. – Со толку мандат колку што имам јас, и како пратеник и како личност, …

Даут Харадинај: Тачи греши, промената на границите води во војна Read More »

Ципрас ја прифати оставката на надлежниот министерот за цивилна заштита


Грчкиот премиер ја прифати оставката на надлежниот министер за цивилна заштита на денешната нивна средба. Никос Тоскас повторно понудил да си замине од позицијата, а овој пат Алексис Ципрас ја прифатил неговата одлука. Како што соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер, Ципрас му се заблагодарил на Тоскас за соработката во изминатите години, а надлежностите министер …

Ципрас ја прифати оставката на надлежниот министерот за цивилна заштита Read More »

Вучиќ свика итна седница на Советот за национална безбедност поради Косово


Српскиот претседател Александар Вучиќ за утре претпладне свика итна седница на Советот за национална безбедност на Србија, „поради состојбата на северно Косово“, јави српскиот јавен сервис РТС. Според истиот извор, на седницата ќе се разговара за тоа „како да се заштитат српските интереси и народ во Косово, а ќе се разгледува и актуелната безбедносна ситуација. …

Вучиќ свика итна седница на Советот за национална безбедност поради Косово Read More »