Вучиќ: Немам ништо против средби на Ѓилас со Заев


Српскиот претседател Алекандар Вучиќ денеска изјави дека „нема ништо против“ средбите на лидерите на опозицијата во Србија со странски високи претставници. – Немам ништо против тоа. Тој се виде и со Сандуловиќ, тоа е веројатно истото друштво… Имаше уште некои контроверзни бизнисмени таму на вечерата. Но, тоа е се во ред, нормално… Се состануваат претставници […]

Дачиќ: Разграничувањето е наша идеја


Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека разграничувањето претставува официјален предлог на Србија за решавање на косовското прашање во дијалогот со албанската страна, но дека сé уште не е утврдено каде би била линијата на разграничување. Како што пренесува ТВ Н1, Дачиќ им изјавил на новинарите во Белград дека идејата за разграничување […]

Вулин: Скопје е центар за разузнавачки активности против Србија


Скопје стана она што порано беше Будимпешта, центар на разузнавачки работи против Србија, место каде се обезбедува финансирање и поддршка за цинкароши и сечикеси од целиот регион, за политичари кои веруваат дека единствениот пат за да дојдат на власт е преку соработка со странците, изјави српскиот министер за одбрана Александар Вулин. Тој на ваков оштар […]

Харадинај: Србија треба да го признае Косово како извинување за она што го стори


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај рече дека данокот од 100 отсто за стоките од Србија и Босна и Херцеговина нема да биде укинат додека тој е на функцијата премиер. „Дали луѓето што биле жртви на геноцид и прогон, со околу 20.000 силувани жени и 15.000 мртви, сега треба да се откажат од нешто за да добијат […]

Србија ќе му ги плаќа кредитите на Косово до 2041 година


Србија досега има отплатено 750 милиони евра кредити земени за инфраструктурата на Косово и Метохија, а од главницата се останати уште 198 милиони евра, кои Белград ќе ги враќа до 2041 година, пишуваат „Вечерни новости“. Долгот КиМ потекнува од периодот меѓу 70-тите и 90-тите години на 20 век, а парите се користеле за изградба на […]

Харадинај до Вучиќ: Цел свет ја знае границата меѓу Косово и Србија, друга нема да има


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај му порача денеска на српскиот претседател Александар Вучиќ дека „цел свет знае каде се границите меѓу Косово и Србија“ и дека „тие граници ги чува и НАТО“. Харадинај со оваа изјава му одговори на претседателот на Србија, кој на меѓународната конференција во Минхен изјави дека „не се знае каде е границата […]

Тачи: Ќе ги суспендираме таксите, но потребно е време


Претседателот на Косово, Хашим Тачи денеска изјави дека Приштина по ниту една цена нема да дозволи односите со САД да бидат нарушени и дека ќе постапи по барање на Вашингтон за суспензија на таксите за производи од Србија, но дека за тоа ќе треба „малку повеќе време“. – Колку порано го затвориме тоа прашање, толку […]

Коѕијас покрена тужба против Каменос


Каменос има потенцијална одговорност ако ми се случи нешто мене и на моето семејство, пишува Никос Коѕијас во тужбата, што преку неговиот адвокат ја покрена против претседателот на Независни Грци и поранешен министер и коалиционен партнер во грчката Влада. Поранешниот шеф на грчката дипломатија, смета дека со лагите и дезинформациите што ги ширел Панос Каменос, […]

Пронајдени мртви четворицата исчезнати на грчкиот остров Крит


Во автомобилот кој бил повлечен од надојдената река, претпладнево беа пронајдени телата на четворицата исчезнати на грчкиот остров Крит, по речиси 35 часа потрага. – Во коритото на реката Геропотамис во општина Ираклио на Крит, беа пронајдени во нивниот автомобил, четворицата исчезнати и во тек е нивно извлекување, соопштуваат од грчката противпожарна служба. Во потрагата […]

Красниќи: Освен таксата, Косово треба да воведе и други мерки кон Србија


Поранешниот спикер на косовското Собрание и актуелен претседател на Националниот совет на владејачката Социјалдемократска иницијатива (Нисма), Јакуп Красниќи категорично се спротивставува на барањата за укинување на таксата од 100 отсто на увозот на производи од Србија и од Босна и Херцеговина. Красниќи дури оцени дека таксата е задоцнета и дека „со оглед на агресивната политика […]

Четири лица исчезнати на грчкиот остров Крит


Повеќе од 24 часа трае потрагата на спасувачките екипи и противпожарната служба за пронаоѓање на четири лица на грчкиот остров Крит кои исчезнаа во саботата, откако нивното возило било повлечено од надојдена река, јави дописничката на МИА од Атина. Рано утрово во потрагата, освен 40 пожарникари, биле вклучени и нуркачи за пронаоѓање на автомобилот и […]

Грабар-Китаровиќ завршила на инфузија


Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ во средината на јануари повеќепати била да прими инфузија во Клиничкиот болнички центар „Милосрдни сестри“ Во неделата таа била на прегледна во приватна клиника за радиохирургија во Загреб, изјави портпаролката на хрватската претседателка, Ивана Црниќ. Таа за загрепски „Вечерњи лист“ рече дека Грабар-Китаровиќ добила инфузија за да може да работи со […]

Продадени резиденцијата и амбасадата на СФРЈ во Токио, Македонија добива 1,2 милион евра


Во рамки на сукцесијата, после станот на Тито на Менхетн, продадени се и амбасадата и резиденцијата на некогашна СФРЈ во Токио за 14,7 милиони евра. Согласно Договорот за прашањата на сукцесија, Македонија би требало да добие 8 отсто од таа сума или речиси 1,2 милион евра, кое на сметка би требало „да легнат“ до почетокот […]

Ѕиѕикостас: Сѐ додека сум префект, на таблите ќе пишува Скопје, а не Северна Македонија


Префектот на грчката област Централна Македонија, Апостолос Ѕиѕикостас, вели дека додека е тој на чело на периферијата нема да се променат таблите на кои сега пишува Скопје за нашата земја. Во интервју за грчката телевизија „Скај“, Ѕиѕикостас кој доаѓа од редовите на Нова демократија потенцира дека тој нема да го користи името Северна Македонија, бидејќи […]

Србите и Хрватите купуваат во соседството


Се повеќе купувачи од регионот, а посебно од Хрватска и Србија набавуваат производи во продавниците на Босна и Херцеговина. Минатата година странски државјани на излезот од БиХ поднесоа повеќе од 400.000 барања за поврат на данок на додадена вредност. Дури 55.000 повеќе од 2017 година, пишува „Политика“. Враќање пари, според прописите на оваа земја, се […]

Албанската опозиција се откажува од пратеничките мандати


Албанската опозициска Демократска партија одлучи да преземе екстремен чекор кој води кон длабока институционална криза, со откажување на пратеничките мандати. Во изјавата за медиумите, демократскиот лидер Љуљзим Баша изјави дека пред парламентарната група предложил да се откажат од мандатите,во услови, во кои,според него, Парламентот е во рацете на криминалот. „Одлучив да и предложам на парламентарната […]

(ВИДЕО) Во Њујорк билборди со честитки за годишнината од независноста на Косово


По повод 11-годишнината од независноста на Косово, властите во Приштина добија честитка од Њујорк. Пораките со честитки беа поставени на шест билборди закупени од локална албанска компанија. Компанијата „Фреш алб“, која во САД и Канада испорачува храна од Балканот, вчера на Јутјуб објави видео на кое ги прикажува закупените билборди со натпис на англиски: „’Фреш […]

(ВИДЕО/ФОТО) Детали за несреќата во која загина Шабан Шаулиќ


Шабан Шаулиќ (67) загина во сообраќајна несреќа во близина на градот Билефелд во Германија. Според медиумите, несреќата ја предизвикал пијан возач кој се забил во автомобилот во кој како совозач патувал пејачот. Несреќата се случила вчера утрото, додека Шаулиќ го превезувале кон аеродромот. Во автомобилот имало уште две лица кои исто така се потешко повредени. […]

Загина Шабан Шаулиќ во сообраќајка


Српскиот пејач на народна музика Шабан Шаулиќ настрадал во сообраќајна несреќа, јавуваат српските медиуми. Според нивните информации, Шаулиќ има сообраќајка во близина на германскиот град Билефелд. Повеќе детали се најавуваат во текот на денот.

Столтенберг: Косовските власти не можат на север без согласност од КФОР


Јенс Столтенберг изјави дека Србија е партнер на Алијансата и дека ја почитува нејзината одлука да биде неутрална, а од косовските власти очекува да го почитуваат Бриселскиот договор и да не се движат кон северниот дел без согласност на КФОР. Тој во интервју за белградскиот весник „Блиц“ за време на дводневниот состанок на министрите за […]