Ципрас ја прифати оставката на надлежниот министерот за цивилна заштита


Грчкиот премиер ја прифати оставката на надлежниот министер за цивилна заштита на денешната нивна средба. Никос Тоскас повторно понудил да си замине од позицијата, а овој пат Алексис Ципрас ја прифатил неговата одлука.

Како што соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер, Ципрас му се заблагодарил на Тоскас за соработката во изминатите години, а надлежностите министер за цивилна заштита ги презема министерот за внатрешни работи, Панос Скурлетис.

Минатиот четврток на вонредната прес- конференција во Министерството за цивилна заштита, Тоскас откри дека следниот ден по катастрофалните пожари му ја понудил неговата оставка на Ципрас, но грчкиот премиер, тогаш, не ја прифатил.