(ВИДЕО) Невреме во Нови Сад: Се урна покривна конструкција на бензинска пумпа


Покривната конструкција на пумпата НИС во новосадската населба Лиман 3, позната како „Мала печурка“, се урна вчера попладне во Нови Сад.

Причина е невремето што го погоди градот, објавија локалните медиуми. Еден 32-годишен маж бил повреден, кој се здобил со повреди на градниот кош. По несреќата, повредениот бил транспортиран до Ургентниот центар во Нови Сад за понатамошна нега.

Под покривот на пумпата во моментот на несреќата имало шест автомобили.