Видео од апсењето на 28 хрватски навивачи кои направија хаос во Србија


Дваесет и осум членови на навивачката група „Торцида“ од Сплит, кои во четвртокот изутрина дивееја на бензинска пумпа „Мол“ во Врчин, вчера беа уапсени. Тие беа изведени пред судија за прекршоци.

За овие случувања се огласи и вицепремиерот на Република Србија и министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ. Тој рече дека припадниците Министерството за внатрешни работи на Србија на автопат запреле повеќе од 400 хрватски навивачи, и при детален преглед на навивачите и нивните возила, пронашле големо количество дрвени и метални палки, неколку секири и факли, како и помало количество наркотици.

Навивачите ќе бидат предадени на надлежни обвинители и судии во полициските станици во Ниш и во Гроцка. Засега сѐ уште не е познато дали тие ќе бидат обвинети за дрско однесување во група, за што казната според српските закони е од 30 до 60 дена затвор.