Нова демократија: Ципрас е одговорен за ситуацијата во Грција


Колку улоги и да им смени на неговите соработници, грчкиот премиер Алексис Ципрас е одговорен за ситуацијата во земјата, изјави портпаролката на Нова демократија, Марија Спираки во врска со шпекулациите за можна реконструкција во грчката Влада,

– Колку улоги и да им смени на неговите соработници, одворноста за ситуацијата во земјата е само негова. И бидејќи не може да си се замени самиот, решението ќе го дадат Грците. Ципрас ќе си оди по изборите, кои треба да се одржат колку што е можно побзо, истакна Спираки.

Tаа нагласи дека Грција не може повеќе да биде во рацете на „едно циночно друштво, кое го интересира само останувањето на власт“.