Од Западен Балкан на аџилак во Мека ќе заминат 4.212 верници


Од земјите од Западен Балкан на аџилак во светите муслимански места Мека и Медина ќе заминат 4.212 верници, од коиј најголем број се од Босна и Херцеговина и Косово.

Годинава од Македонија на аџилак во Саудиска Арабија ќе патуваат 672 верници, од Албанија 470, од Косово 1.080, од Босна и Херцеговина 1.680, од Србија 235, од Црна Гора 60 и од Хрватска 15 верници.

Првата група од Албанија тргнува утре, а од Косово на 9 август.

Верниците од Македонија, како што потврдуваат од ИВЗ, ќе патуваат со четири авионски чартер летови од 11 до 15 август.