За две години од Албанија заминале 6.500 медицински сестри
Албанија– За две години Албанија ја напуштиле 6.500 медицински сестри, а таа бројка постојано расте. Ова за тиранската телевизија Ора њуз го изјави Елсон Јачај, претседател на друштвото на медицински сестри, искажувајќи при тоа загриженост бидејќи масовното заминување на здравствениот персонал во западно европските земји, пред се Германија, ќе предизвика сериозни последици во овој сектор. […]