Метју Палмер е новиот специјален претставник на САД за Балканот


Заменик помошникот државен секретар Метју Палмер е новиот специјален претставник на САД за Балканот, соопшти синоќа Стејт департментот.

Палмер на 1 септември ќе учествува во работата на Стратешкиот форум на Блед, а потоа ќе ги претставува САД на состаниците на четворката во Брисел и во Подгорица.

– Палмер ќе ги предводи нашите настојувања да ги зајакнеме дипломатските напори на САД во поддршката на мирот, стабилноста и напредокот на регионот и ќе се насочи на интеграцијата на државите од Западен Бaлкан во западните институции, се наведува во соопштението на Стејт департментот.