(ВИДЕО) Неодговорни родители: Мајката вози, а детето седи на прозорецот од автомобилот


Шокантната снимка вчера беше емитувана на српската ТВ Прва, на која се гледа како една мајка го вози своето дете, кое е до половина низ прозорецот, со што го доведува во ризик неговиот живот.

Ова многу ризично возење е снимено на булеварот во Белград, а авторот на видеото вели дека жената вака го возело своето дете со брзина од околу 50 километри на час.

Милан Божовиќ, од Комитетот за безбедност во сообраќајот, рече дека ова за жал не е изолиран случај и дека ова е една од причините поради кои новиот закон за безбедност во сообраќајот забранува кој било дел од телото да е надвор од возилото.

„Апсолутно секојдневно гледаме вакви ситуации кога патниците се возат на таков начин што дел од нивното тело е надвор од возилото и така може се случи несреќа со фатални последици“, рече тој.

На прашање дали полицијата треба да реагира по оваа снимка, Божовиќ вели дека секако треба да се санкционира ваквото однесување ако има веродостојни докази, односно ако се утврди дека видеото е веродостојно.