Земјотрес од 4,9 степени меѓу грчките острови Родос и Карпатос

Во морскиот дел меѓу грчките острови Родос и Карпатос, во 14.58 часот по локално време беше регистриран земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала, jави дописничката на МИА од Атина.

Засега, нема информации за штети или какви било проблеми од земјотресот.

Епицентарот, според Геодинамичкиот институт на грчката национална опсерваторија во Атина, бил 46 километри североисточно од островот Карпатос.