(ВИДЕО) Планинари освоија врв на Алпите и запеаја „Од Вардара па до Триглава“

Планинари од поранешните југословенски републики овој месец организираа поход кон врвовите на Доломитите, а нивното успешно искачување го прославија со спонтано пеење на стиховите „Од Вардара па до Триглава“.

Откако планинарите се искачија на врвот Пиз Бое, кој е висок 3.152 метри, заечи песна на планинарите од Македонија, Словенија, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина посветена на поранешна Југославија.

Доломитите се планински венец на источните Алпи во Италија и се прогласени за светско наследство на УНЕСКО.