Пацоли вели дека Дачиќ лаже затоа што „лагата е српски национален интерес“


Косовскиот вицепремиер и министер за nадворешни работи Беџет Пацоли објави денеска цитат од дело на српскиот писател и некогашен претседател на СР Југославија Добрица Ќосиќ, со цел да ги демантира тврдењата на својот српски колега, Ивица Дачиќ, дека неколку земји го повлекле признавањето на независноста на Косово. Пацоли го цитира делот од романот на Ќосиќ …

Пацоли вели дека Дачиќ лаже затоа што „лагата е српски национален интерес“ Read More »

Харадинај: Косово е вечно благодарно на НАТО


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај прими денеска 14-члена делегација, составена од поранешни воени лица и цивили, од повеќе држави, кои служеле во Косово по војната, како претставници на Советодавниот тим на НАТО. Според соошпштението на владината прес-служба, Харадинај им се заблагодарил за поддршката што ја пружиле на Косово во транзицискиот период, нагласувајќи ја помошта на експертите …

Харадинај: Косово е вечно благодарно на НАТО Read More »

Владата во Бугарија го „преживеа“ и второто гласање за недоверба


Владејачката коалиција во Бугарија, државата која месецов го завршува претседавањето со ЕУ, „преживеа“ денеска гласање за недоверба, кое го побара опозицијата, обвинувајќи ја владата на премиерот Бојко Борисов за неуспешна борба против нараснатиот криминал и неможноста да гарантира владеење на правото. Во бугарскиот парламент, од вкупно 240 пратеници, 131 пратеник ја поддржаа владата, 104 беа …

Владата во Бугарија го „преживеа“ и второто гласање за недоверба Read More »

Кривична пријава за Харадинај и 17 министри затоа што си ги зголемија платите


Пратеничката на опозициското Движење Самоопределување (ВВ) Албулена Хаџиу поднесе денеска кривична пријава против косовскиот премиер Рамуш Харадинај и 17 други функционери, вицепремиери и министри, кои учествувале во донесуваењто на одлуката за зголемување на сопствените плати. Хаџиу во оваа прилика им изјави на новинарите дека, откако овие функционери ги примија зголемените плати, тоа претставува конфликт на …

Кривична пријава за Харадинај и 17 министри затоа што си ги зголемија платите Read More »

Истражување: Договорот од Преспа негативен за шест од 10 Грци


Веројатно негативно или сигурно негативно го оценуваат шест од 10 Грци Договорот од Преспа, покажува новото истражување на јавното мислење спроведено од агенцијата „Pulse“ за грчката телевизија Скај. На прашањето „од она што го имате слушнато и го знаете, лично вие, како го оценувате Договорот што Владата го потпиша во Преспа со поранешната југословенска Република …

Истражување: Договорот од Преспа негативен за шест од 10 Грци Read More »

Тачи: Ако не се ангажираме во дијалогот со Белград, ќе станеме како Палестина


Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска ги повика сите косовски политички институции, експерти, претставници на невладиниот сектор и цивилното општество да се ангажираат во дијалогот со Белград заради постигнување консензус за ставање крај на тој процес. Тој оцени дека доколку тоа не се случи, Косово ќе стане втора Палестина. На вонредната прес-конференција, Тачи оцени дека станува …

Тачи: Ако не се ангажираме во дијалогот со Белград, ќе станеме како Палестина Read More »

Грчките монаси од Света Гора не го прифаќаат Договорот од Преспа


Света Гора смета дека признавањето на македонскиот јазик и македонската националност од страна на грчката држава е „непочитување на историјата и вистината и предавство на националната свест на хеленизмот“. По повод решавањето на долгогодишниот спор меѓу Македонија и Грција, Светата заедница на Света Гора излезе со соопштение во кое вели дека за нив Договорот не …

Грчките монаси од Света Гора не го прифаќаат Договорот од Преспа Read More »

Просечната нето плата во Хрватска зголемена на 843 евра


Просечната исплатена нето плата во Хрватска за април оваа година изнесуваше 6.220 куни (843 евра), што на месечно ниво е намалена за 1,2 отсто, додека на годишно ниво е зголемена за 3,8 отсто, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика (ДЗС). Највисока просечна месечна нето плата по вработено лице во април е исплатена во финансиските …

Просечната нето плата во Хрватска зголемена на 843 евра Read More »

Коѕијас: Имам добиено 800 писма со закани, куршуми и кутии со крв


Ми имаат испратено куршуми и кутии полни со крв и почва полеана со крв и закани кон мене и моето семејство, откри министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас во интервју за грчкото радио „Њуз247“. Шефот на грчката дипломатија говореше за зголемениот говор на омраза во Грција, за кој вели дека треба да прекине. …

Коѕијас: Имам добиено 800 писма со закани, куршуми и кутии со крв Read More »

Турција ја укинаува вонредната состојба


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и неговите партнери во владата се договорија да не ја продолжуваат вонредната состојба во земјата, која истекува во јули, пренесува провладиниот медиум „Сабах“. Вонредната состојба беше воведена по неуспешниот државен удар во 2016 година и беше продолжувана на секои три месеци. Ердоган претходно месевов изјави дека таа ќе биде укината …

Турција ја укинаува вонредната состојба Read More »

Австрија не ги прима мигрантите од Германија


Министерот за внатрешни работи на Австрија Херберт Кикл порача дека Австрија нема да прима мигранти, вратени од границата на Германија. „Ако Германија верува дека, спротивно на меѓународното право, лицата едноставно можат да бидат вратени во Австрија, тогаш ние на Германците ќе им објасниме дека тие луѓе не ги преземаме“, нагласи тој во интервју за телевизијата …

Австрија не ги прима мигрантите од Германија Read More »

Поднесена кривична пријава против Љуљзим Баша поради клевета


Лидерот на албанските опозициски демократи Љуљзим Баша доби кривична пријава од координаторот на пратеничката група на владејачката Социјалистичка партија, Таулант Бала, поради клевета. Бала кривичната пријава ја поднесе денеска во Обвинителството за тешки кривични дела во Тирана, во која Баша се обвинува и за „издавање тајни од истрага“. Пријавата Баша „ја заработи“ поради минатонеделната изјава …

Поднесена кривична пријава против Љуљзим Баша поради клевета Read More »

Мета повика на одговорност и соработка, партиите со меѓусебни обвинувања


Албанскиот претседател Илир Мета, реагираше по одлуката за одложување на почетокот на преговорите со ЕУ за јуни следната година, повикувајќи ги сите политички партии на концентрација, одговорност и соработка, за да го положат, како што изјави, испитот следниот јуни. Тој додаде дека се добредојдени вчерашните заклучоци на Советот на ЕУ околу преговорите за членство на …

Мета повика на одговорност и соработка, партиите со меѓусебни обвинувања Read More »

Косово му забрани на српскиот министер Вулин да учествува на прославата на Видовден


Министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин, доби забрана од косовските власти да присуствува на прославата на големиот српски православен празник Видовден во Газиместан. Веста за порталот kallxo.com. ја потврди министерот за надворешни работи на Косово, Бехџет Пацоли. Запрашан во врска со официјалните претставници од Србија кои побарале дозвола да влезат на косовска територија за утрешната …

Косово му забрани на српскиот министер Вулин да учествува на прославата на Видовден Read More »

Баша: Преговори не се отворија, ЕУ ја отфрли Владата поврзана со криминалот


Лидерот на албанската опозициска Демократска партија Љуљзим Баша, коменирајќи ја одлуката на Советот на Европската унија рече дека преговорите не се отворени, туку дека Албанија ќе може да почне преговори во јуни 2019 година доколку ги исполни условите. – Ова е вистината, рече Баша, и истакна дека Владата на Еди Рама и овојпат продолжува да …

Баша: Преговори не се отворија, ЕУ ја отфрли Владата поврзана со криминалот Read More »

Вучиќ: Не се мешаме во прашањето за името, поддржуваме секој договор меѓу Скопје и Атина


Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија го поддржува секој договор меѓу Скопје и Атина. Меѓутоа, како што рече, Србија мора да ги „почитува ставовите на македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов и на премиерот Зоран Заев“. Одговарајќи на новинарско прашање после воено-полицијската вежба „Заеднички удар 2018″ во Краљево, за ставот на Србија во врска со …

Вучиќ: Не се мешаме во прашањето за името, поддржуваме секој договор меѓу Скопје и Атина Read More »

Македонски туристи не побарале помош по невремето во Грција


Македонски граѓани кои летуваат во Грција досега не побарале помош и не пријавиле штети по вчерашното невреме што го зафати полусотровот Халкидики. Нема јавувања ниту за поплавени објекти во кои се сместени туристите, потврдуваат од македонското Министерство за надворешни работи. Според информациите што ги добиле во МНР од полициските органи на Грција, нема пријавени случаи за …

Македонски туристи не побарале помош по невремето во Грција Read More »

Лани во Косово обвинети 1.152, осудени 766 малолетници


Косовската Агенција за статистики (АСК) ги објави денеска податоците од правосудните органи за малолетните лица кои дошле во судир со законот во текот на 2017 година. Според резултатите објавени во денешната публикација на АСК, во текот на минатата година, за разни дела, од страна на основните судови во Косово биле покренати обвиненија за 1.152 малолетници, …

Лани во Косово обвинети 1.152, осудени 766 малолетници Read More »

Мира Марковиќ осудена на една година затвор


Високиот суд во Белград ја осуди поранешната сопруга на Слободан Милошевиќ и поранешна претседателка на ЈУЛ, Мирјана Марковиќ, на една година затвор под обвинение дека влијаела врз членовите на владината комисија за нелегално распределување државни станови во 2000 година. Со истата пресуда поранешниот секретар на Владата на Србија, Живка Цица-Кнежевиќ, е осудена на една и …

Мира Марковиќ осудена на една година затвор Read More »

(Фото) (Видео) Поплави во Грција, среде сезона се евакуираат туристи


По поројните дождови повеќе делови од Грција се поплавени. На Халкидики најмногу проблеми има на Ситонија, каде се поплавени куќи и други објекти. Во Никити на Ситонија поплавени се патиштата што предизвика проблеми во сообраќајот. Реката Агиос Николаос се излеа од коритото. Евакуирани се гости од неколку хотели додека десетина автомобили се оштетени. Во делот …

(Фото) (Видео) Поплави во Грција, среде сезона се евакуираат туристи Read More »