Почна сослушувањето на Харадинај во Хаг


Во Специјалниот суд за воени злосторства извршени од припадниците на ОВК, со седиште во Хаг, почна сослушувањето на косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај, кој доби покана од Трибуналот како осомничен. Претходно, Судот го сослуша поранешниот портпарол на ОВК, Јакуп Красниќи. Харадинај и Красниќи вчера заминаа за Хаг. Пред заминувањето, Харадинај изјави дека заминува чесно […]

(ВИДЕО) Најмалку 25 туристи повредени во автобуска несреќа во Анталија


Најмалку 25 лица се повредени во Турција кога автобус со туристи од Полска, Русија и Норвешка излетал од пат и се превртел. Несреќата се случила во близина на Кемер во Анталија, а повредените патници се пренесени во болници во Кемер и Кумлуча. Причината за несреќата се уште не е позната.

Харадинај и Красниќи денеска на распит пред Судот во Хаг


Премиерот на Косово во заминување Рамуш Харадинај и поранешниот претседател на косовското Собрание и портпарол на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Јакуп Красниќи денеска ќе бидат интервјуирани од Специјалното обвинителство за воени злосторства во Косово, чие седиште е во Хаг. Како што јави дописникот на МИА од Приштина, Харадинај, кој беше еден од командантите на ОВК […]

Тензична ситуација пред Националниот театар во Тирана


Тензична ситуација владее претпладнево пред Националниот театар во Тирана, од каде пред најавеното уривање на објектот, за денеска е планирано изнесување на предмети и други средства од објектот. Од една страна е распоредена полиција која во поголем број е ангажирана да овозможи непречено изнесување на предметите, а од друга страна се наоѓаат членовите на Алијансата […]

Најмалку 25 туристи повредени во автобуска несреќа во Анталија


Најмалку 25 лица се повредени во Турција кога автобус со туристи од Полска, Русија и Норвешка излетал од пат и се превртел. Несреќата се случила во близина на Кемер во Анталија, а повредените патници се пренесени во болници во Кемер и Кумлуча. Причината за несреќата се уште не е позната.

Вучиќ му го честита изборот на Борис Џонсон


Српскиот претседател Александар Вучиќ упати честитка до Борис Џонсон, кого Конзервативната партија денеска го избра за нов британски премиер, во која, меѓу другото, изразува надеж дека токму тој ќе биде првиот британски премиер кој по речиси 40 години ќе ја посети Србија. – Вашиот избор сведочи за голема доверба, која е укажана колку со Вашето […]

Тачи му го честита на Џонсон изборот за премиер на Велика Британија


Косовскиот претседател Хашим Тачи му го честиташе денеска на лидерот на британските конзервативци Борис Џонсон изборот за нов премиер на Велика Британија. Тачи на својата страница на Фејсбук, покрај слика со Џонсон, порача дека Велика Британија е стратешки партнер, а пријателството на Косово со таа земја е вечно. – Борис Џонсон е избран денеска за […]

Бугарски синдикати: Околу 21 отсто од економијата е во „сивиот“ сектор


Бугарија– Околу 21 отсто од бугарската економија е се уште во „сивиот“ сектор. Тоа го нагласи денеска Пламен Димитров, претседател на Конфедерацијата на независни синдикати на Бугарија. Според него, во пари тоа значи дека се околу 23 милијарди лева годишно (11,5 милијарди евра). Податоците на Синдикатот укажуваат дека секторите со највисок дел во „сивата“ економија се […]

Најмалку 23 лица починаа од труење со алкохол во Турција


Најмалку 23 лица починаа од труење со алкохол во Турција во текот на минатиот месец, бидејќи високите даноци на алкохолот ги принудуваат Турците да конзумираат илегално произведена ракија, пренесуваат турските медиуми. Данокот на пијалокот во јули се зголеми за осум проценти. Еден литар од турскиот традиционален пијалок раки сега чини повеќе од 200 лири (35,29 […]

Дачиќ: Дијалогот по оставката на Харадинај е во кома


Српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ, говорејќи за можностите за обновување на косовскито дијалог по оставката на премиерот на Косово Рамуш Харадинај, во интервју за ТВ Прва изјави дека „дијалогот е во кома, се зависи од реанимацијата на големите сили, се работи за големи геостратешки игри“. – САД сметаа дека тоа што го прават Франција […]

Харадинај пред заминувањето за Хаг: Останувам непоколеблив за моите одлуки


Косовскиот премиер во заминување Рамуш Харадинај, пред да отпатува за Хаг, каде утре треба да даде интервју пред Специјалниот суд за воени злосторства, порача дека останува „непоколеблив и со кренато чело“ за неговите животни одлуки, јави дописникот на МИА од Приштина. Харадинај преку објава на Фејсбук повтори дека „Косово е подготвено за дијалог со Србија […]

Македонска државјанка приведена на косовската граница поради фалсификуван документ


Косовската гранична полиција вчера на граничниот премин Блаце кај Генерал Јанковиќ, привела македонска државјанка, осомничена дека фалсификувала документ за гранично осигурување. Како што објави телевизијата Клан Косова, со одлука на надлежен обвинител полицијата го конфискувала документот, додека осомничената е ослободена и случајот е испратен во редовна судска процедура.

Јакуп Красниќи отпатува за Хаг


Поранешниот портпарол на Ослободителната војска на Косово (ОВК) и прв претседател на косовското Собрание по војната, Јакуп Красниќи денеска отпатува за Хаг, каде што е повикан на итервју од страна на Специјалниот суд за воени злосотрства, јави дописникот на МИА од Приштина. Информацијата за заминувањето на Красниќи, кој е член на Националниот совет на Социјалдемократската […]

Русија и Турција преговараат за заедничко производство на С-400


Русија и Турција разговараат за можноста од заедничко производство на некои компоненти на рускиот систем за противракетна одбрана С-400 во Турција, го пренесува ТАСС, Сергеј Чемезов, шеф на руската државна компанија „Ростех“. Турција во текот на овој месец почна да ги добива компонентите на рускиот систем С-400, што САД ги натера да ја елиминираат Анкара […]

Харадинај во Хаг на распит


Косово –  Косовскиот премиер во заминување Рамуш Харадинај потврди дека денеска ќе отпатува за Хаг, каде што е повикан на распит, во својство на осомничен, пред Специјалниот суд за воени злосторства во Косово. Харадинај во синоќешното интервју за приштинската телевизија Т7 изјави дека од судот во Хаг е повикан на интервју, но дека против него […]

Грчкиот Парламент ѝ изгласа доверба на новата Влада


Грција– Со 158 гласа „за“ и 142 „против“ Владата на Кирјакос Мицотакис доби доверба од грчкиот Парламент на крајот од тридневната расправа што почна во саботата попладне, а заврши синоќа во 22 часот и 30 минути. Гласаа сите 300 пратеници, а Владата доби поддршка само од пратениците од Нова демократија. Расправата траеше 31 час, збор […]

Харадинај ги извести за оставката парламентарните партии, но не и Српската листа


Косовскиот премиер во заминување Рамуш Харадинај објави дека за својата оставка денеска ги известил написмено челниците на државните институции и лидерите на парламентарните партии на Албанците, како на оние од владејачката коалиција, така и на опозициските, јави дописникот на МИА од Приштина. Харадинај на својата страница на Фејсбук објави и дека, под негово водство, Владата […]

Турската полиција заплени еден тон марихуана


Турската полиција денеска откри и заплени еден тон марихуана на влезот во градот Батман, јави турската новинска агенција Анадолија. Дрогата била откриена во шлепер кој превезувал ПВЦ цевки. Возачот на камионот е уапсен, а во тек е истрага за случајот, Одгледувањето и шверцот на марихуана и други опијати е еден од главните извори на финансирање […]

Албанскиот претседател Мета се сретнал со Харадинај во Приштина


Албанскиот претседател Илир Мета вчера доцна попладне престојувал во Приштина каде се сретнал со поранешниот косовскиот премиер Рамуш Харадинај. Претседателот Мета на Фејсбук изјави дека е среќен што се сретнал со Харадинај во Приштина. – Среќен сум што се сретнав со премиерот Рамуш Харадинај во Приштина. Горд со неговиот инспиративен карактер, напиша Мета. Веста за […]

Белград: Гори трезор на банка


Во главниот град на Србија, Белград избувна пожар во трезорот на „Директна банка’. На терен се три противпожарни возила и двајца полицајци. Пред банката има многу луѓе, јавува РТС.