Курти ќе побара од Заев нова истрага за „Диво Насеље“: Целиот процес е сомнителен и монтиран


Лидерот на Самоопределување Албин Курти, по добивањето на премиерскиот мандат ќе ги истражи сите органи и институции во Косово за случајот „Диво Насеље“.

Покрај тоа, Курти вели дека ќе контактира и со владата на премиерот Заев за да отвори нови истраги, бидејќи смета дека тековниот процес започнал од поранешниот режим во Северна Македонија и е неверодостоен.

Изразувајќи жалење за лицата за кои рече дека се држат невини, Курти вели дека целиот процес е сомнителен и монтиран, така што тој вети дека ќе се посвети целосно за овој случај.

,,Потребна е нова истрага и објавување на сите досегашни докази, кои досега се држени во тајност”, вели Курти.