ВВ и ЛДК постигнаа договор за заедничко владеење


Движењето Самоопределување и Демократксиот сојуз на Косово постигнаа договор за заедничко владеење. Албин Курти истакна дека уште не е разговарано за посебни имиња и функции.

,,Косово загуби многу време и очекувањето на граѓаните е многу големо. Почнавме преговори за една што поефикасна влада и што посилна држава” – изјави претседателот на Движењето Самоопределување, Албин Курти.

Во наредните денови пак ќе се сретнат за да разговарат околу владината програма.