Албанија: Од први јануари обложувачниците ќе се третираат како парцели со марихуана


Албанскиот министер за внатрешни работи Сандер Леши ги предупреди сопствениците на спортски обложувачници, кои нема да се придржуваат на одлуката на владата за нивно затворање, дека од први јануари секоја од нив ќе се третира како парцела со марихуана. Тој ова го порача од средбата со првите луѓе на полициските комесаријати, на која, побара максимално […]

Во Елбасан убиени три лица во автомобил во движење


Во албанскиот град Елбасан, во вооружен напад врз возило во движење убиени се три лица, меѓу нив еден странец. Инцидентот се случил синоќа во 21:15 часот, кога три лица со „калашникови“ пукале во возилото,со италијански регистарски таблички, во кое се наоѓале жртвите. Се верува дека се било организирано бидејќи убијците го следеле возилото во кое […]

Коѕијас: Иднината му припаѓа на нашето пријателство


За пријателството меѓу двата народи, за позитивните ефекти во двете земји што Договорот од Преспа ќе ги донесе, откако ќе стане секојдневие за граѓаните и од двете страни на границата, во екслузивно интервју за МИА говори поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас. Иднината му припаѓа на нашето пријателство“, е пораката што Коѕијас […]

Четври голем граѓански протест во Белград


Во Белград и оваа сабота е одржан нов голем масовен протест од повеќе илјади граѓани, без партијски обележја, против насилието под слоганот „Еден од петте милиони“. Колоната на граѓани кои протестираа, која беше повторно долга речиси еден километар се движеше низ белградските улици, по познатата маршута од Студенсткиот плоштад до Плоштадот Славија. Пред зградата на […]

Харадинај: Од денеска границата меѓу Косово и Албанија не постои


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај на Фејсбук објави дека „од денес, Косовската граница со Албанија не постои”. „Денес, ми беше чест да учествувам во потпишување на договор за воспоставување на заеднички гранични точки меѓу Косово и Албанија, „Од денес границата меѓу Косово и Албанија не постои. Ќе имаме само една заедничка станица. Работата ќе продолжи и […]

Приштинските такси ја оштетија БИХ за 4,5 млн. долари


Бoсна и Херцеговина е оштетена за 4,5 милиони долари откако Приштина наметна даноци за производи за нашата земја, потврди министерот за надворешна трговија и економски односи на БиХ, Мирко Шаровиќ. Во ноември властите во Приштина воведоа даноци за 100 отсто од стоките од централна Србија и БиХ. „За еден месец од примената на даноците за […]

Француските „Жолти елеци“ во помал број продолжуваат со протестите


Седми протест по ред почнаа денеска во Франција „Жолтите елеци“ кои се незадоволни со  социјалната и фискална политика на претседателот Емануел Макрон, но на улици излегоа мал број луѓе Протестното движење што почна пред 1,5 месец значително ослабна – на 22 ноември имаше 38.600 демонстранти, една недела претходно 66.000, а на првите протести – 282.000, […]

Затворен патот Приштина-Скопје, долги колони и до четири часа чекање за да се стаса до граница


Патот од Приштина до границата со Македонија, на делницата Качаник-Генерал Јанковиќ, денеска потворно е затворен за сообраќај поради градежни работи на последната траса  од автопатот „Арбен Џафери“, што предизвика долги колони од возила на патот кој води до границата со Македонија кај Блаце, информираат косовските медиуми. Како што јави дописникот на МИА од Приштина, патот […]

„Нема да дозволам да бидам убиен како Давид“


Давор Драгичевиќ, татко на убиениот Давид Драгичевиќ, ги објави своите барања кои институциите на Република Српска треба да ги исполнат во врска со убиството на неговиот син. Тој најави дека, во спротивно, утре за кога е најавен голем протест „Правда за Давид”, луѓето ќе останат на плоштадот Краина. Тој додаде дека за сè друго што […]

Албанската економија за девет месеци забележала раст од 4,35 отсто


Во периодот јануари-септември годинава албанската економија забележала раст од 4,35 отсто,споредено со истиот период лани. -Без оглед на забележаниот раст над планираниот тој сепак зависи од енергетскиот сектор и туризмот. Без овие два сектора растот би бил 1,7 отсто, изјави Делина Ибрахимај,директорка на Институтот за статистика. Што се однесува до третиот квартал од годинава албанската […]

Црногорците ќе почекаат за Википедија на мајчин јазик


Википедија на црногорски јазик засега не може да биде одобрена бидејќи јазичкиот комитет на Википедија (LangCom) дал негативно мислење и сметаат дека црногорскиот јазик, како српскиот, хрватскиот и бошњачкиот, е гранка на српско-хрватскиот јазик. Таму оценуваат дека постоечките Википедии на тие три јазици се разбирливи за сите четири народи, јави РТЦГ. Таа информација ја нагласи […]

Вучиќ: Подготвени сме да распишеме избори, кога и да посака опозицијата


Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Врање им порача на своите политички противници дека е подготвен да ги распише изборите „секогаш кога тие ќе помислат дека времето на тајкуните и мизеријата се вратиле“, како и дека на политичките напади од Приштина им се придружуваат и „нападите од регионот“. Тој исто така порача дека со воведувањето […]

Приштина го налути Брисел: ЕУ бара Косово да ја укине таксата на странските брендови


Канцеларијата на Европската унија во Приштина ја повика денеска косовската Влада да ја преиспита одлуката со која се воведува такса од 100 отсто на производите од странски компании кои се увезуваат во Косово од Србија и од Босна и Херцеговина. – Со загриженост ја гледаме одлуката на Косово да ја прошири таксата од 100 отсто […]

Балканот повторно буре барут


„Денот по утрото се познава“. Ништо толку добро не ја негираше оваа позната мудрост како изминатава 2018 година на Западниот Балкан. Годината започна оптимистички со бугарското претседавање со Советот на ЕУ, чиј приоритет под мотото „Единството ја создава силата“ беше Западниот Балкан, но таа заврши со тензии што потсетуваа на 90-тите години на минатиот век. […]

Баша: Рама за министер би можел да го назначи и неговот возач


Албанската опозиција во реакцијата за реконструкцијата на Владата оцени дека тоа е само мајтапење со народот и оти денеска паднала Владата на премиерот Еди Рама. Лидерот на најголемата опозициска сила Демократската партија, Љуљзим Баша изјави дека Рама за министер би можел да го назначи и неговот возач или педикир, бидејќи „нема кој да го спречи“. […]

Поранешен косовски пратеник апелира да не се слави Нова година, затоа што „не е исламски празник“


Поранешниот пратеник во Собранието на Косово од партијата „Фјала“ („Збор“) Гзим Келменди ги повика Косовсците да не ја слават Нова година, бидејќи, како што вели, тоа „не е исламски празник“, јави дописникот на МИА од Приштина. Келменди преку објава на својата страница на Фејсбук упати критики до косовските градоначалници за тоа што ги украсиле плоштадите […]

Коснет: 2019 треба да биде година на договор меѓу Косово и Србија


Амбасадорот на САД во Приштина, Филип Коснет изјави дека очекува 2019 година да биде годината во која ќе се постигне конечниот договор меѓу Косово и Србија, јави дописникот на МИА од Приштина. Коснет за косовскиот портал на српски јазик „Коссев“ изјави дека Вашингтон сака да види „еден креативен и сеопфатен договор меѓу двете земји“. – […]

Харадинај: Ќе ставиме крај на хаосот со игрите на среќа


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека состојбата во индустријата на игри со среќа во земјата е хаотична и дека ќе бидат преземни мерки за нејзино средување. Харадинај по денешната седница на Владата најави дека набргу ќе се воспостави законска основа за решавање на проблемите во таа област, а за почеток надлежните ресори изготвуваат концепт-документ. – […]

Приштина ги прошири санкциите на увозот од Србија, 100 отсто такси и на странските брендови


Косовската Влада денска донесе одлука со која со воведува такса од 100 отсто на увозот на стоки од странски компании кои имаат свои производни погони во Србија. Претходно, минатиот месец, Владата на Рамуш Харадинај, воведе такса од 100 отсто на производи од Србија, но таа мерка не важеше за странските брендови кои се увезуваат од […]

Тачи го потпиша указот за законите за Војската на Косово


 Претседателот на Косово Хашим Тачи го потпиша денеска указот за трите закони со кои започнува трансформацијата на досегашните Безбедносни сили во Војска на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. На церемонијата на потпишувањето во кабинетот на Тачи присуствуваше и командантот на косовските оружени сили, генералот Рахман Рама. Претседателот рече дека денешниот ден е значаен […]