Тирана под опсада, полицијата спречува немири на демонстрациите


Тирана од рано утрово е практично под полициска опсада со оглед на тоа дека напоредно со заседавањето на парламентот закажан е опозициски протест.
Повеќето пратеници почнаа да се собираат во Парламентот еден час пред почетокот на сесијата, за да избегнат средба со демонстрантите.
Медиумите пренесуваат дека на граѓаните не им е дозволено слободно да се движат по улиците на албанската престолнина. Многу полицајци ги блокираат пешаците и минувачите меѓу Уметничката галерија и Министерството за внатрешни работи.
Секој кој сакаше да помине низ „забранетата зона“ мора на полицијата да покаже лична карта.
Се наведува дека полицијата не дозволува на медиумите да влезат во зградата на парламентот за да не се сретнат со пратениците на владејачката Социјалистичката партија, ко на сесијата доаѓаат еден час порано за да избегнат да се сретнат со демонстрантите, кои се уште не почнале масовно да се собираат.