Официјална Тирана им ја честиташе победата на Албанците на изборите во Тузи


Албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Гент Цакај на коалицијата на политичките партии на Албанците во Црна Гора „Албански форум“ и ја честиташе победата на вчерашните локални избори во новоформираната општина Тузи.

Цакај на Твитер напиша дека Тузи им одржал драгоцена лекција дека само обеднети може да им служат на интересите на Албанците.

-Туз ни даде драгоцена лекција дека надвор од логоата, политичките убедувања или протагонизам, само обединети може да им служиме на интересите на Албанците. Најсрдечни честитки до коалицијата „Албански форум“ за историските резултати, напиша Цакај.

Кандидатот на Коалицијата „Албански форум“ Ник Ѓелошај,од партијата Албанска алтернатива е избран за градоначалник на Тузи, додека од вкупни 32 места во Советот на општината освои 16 советнички места.

Статус на самостојна општина, Тузи доби на први септември минатата година. На вчерашнте избори во трката за градоначалник и советници учествуваа пет политички партии и коалицијата на трите политички партии на Албанците.