Вучиќ: Нема за што да разговарам со претставници од Приштина


Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека нема за што да разговара со претставниците од Приштина, со оглед на тоа дека тие секојдневно преземаат мерки против српскиот народ. Во изјавата за РТС Вучиќ рече дека од Приштина постојано слуша оти решението за косовското прашање е на хоризонтот и дека ќе биде потпишано тука или таму, но […]

Тачи: Договорот меѓу Приштина и Белград ќе биде потпишан во Белата куќа


Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска изјави дека сеопфатниот договор за нормализација на односите меѓу Приштина и Белград ќе биде потпишан во Белата куќа во Вашингтон, во присуство на американскиот претседател Доналд Трамп. – Нема дилеми околу тоа дали САД го поддржуваат тоа или не. Договорот ќе биде потпишан во Белата куќа во присуство на најмоќниот […]

Полицаец и ограбувачот загинаа при грабеж на банка во Косово


Припадник на косовската полиција и уште едно лице загинаа попладнево при обид за грабеж на банка во градот Исток во западно Косово. Како што изјави портпаролот на полицијата на пеќкиот регион Џеват Ибрај, на местото на настанот е убиен вооружениот ограбувач, кон кого припадниците на полицијата отвориле оган во обид да го запрат. Припадникот на […]

Јеремиќ: Бојкот на изборите има смисла ако на тоа се согласи целата опозиција


Лидерот на српската опозициска Народна партија, Вук Јеремиќ, денеска изјави дека бојкот на изборите во Србија би имал смисла ако тоа биде заедничка одлука на целата опозиција. Според него, српскиот претседател Александар Вучиќ најверојатно планира да распише вонредни избори пред потпишувањето на т.н. сеопфатен договор меѓу Белград и Приштина. – Ќе побара поддршка од народот […]

Нема да се зголемат цените на патарините во Грција


Најавеното покачување на цените на патарините на автопатот „Игнација“ од 1 јануари нема да стапи во сила бидејќи се уште не постои одобрение од Европска комисија, изјави директорот на „Игнација“,Апостолос Антонудис, јави дописничката на МИА од Атина. ЕК се уште не ја одобрила заедничката министерска одлука потпишана летово од министрите за финансии и транспорт на […]

Киднапиран грчки бизнисмен


Грчки бизнисмен рано изутринава бил киднапиран пред неговиот дом во Пиреја, јави дописничката на МИА од Атина. Како што информираа грчките медиуми, бизнисменот го киднапирале четири непознати лица, кои го ставиле во џип и побегнале во непознат правец. Според дел од медиумите, киднаперите биле маскирани во полицајци, односно носеле униформи на кои пишувало ЕКАМ. што […]

Додик се закани со контрапротести за случајот со Давид Драгичевиќ


Откако групата „Правда за Давид“ во вторникот протестираше на плоштадот „Краина“ во Бања Лука, кога голем број членови на оваа група беа уапсен, претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, денеска најави дека, ако наскоро не се објави одлуката на обвинителството во случајот со убиениот Давид Драгичевиќ, ќе ја повика јавноста да протестираат […]

Апсењето на таткото на убиениот Давид Драгичевиќ, Додик го нарече „несреќна околност“


Членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, во изјава за агенцијата „Срна“ изјави дека е разочаран од брзината со која обвинителството го води случајот за смртта на Давид Драгичевиќ. Тој за „Срна“ рече дека длабоко сочувствува со болката на семејството Драгичевиќ додавајќи дека Република Српска е правна држава во која мора да се спроведуваат законите. […]

Албанија и Косово со заеднички контроли на граничните премини


Од први јануари на граничните премини меѓу Албанија и Косово ќе функцонираат заеднички контроли. Одлука за тоа донесе албанската влада, која министерот за внатрешни работи Сандер Леши ја оцени како „многу значајна промена на границата со Косово“. Значајни промени во граничното управување со Косово. Двојните контроли се отстранети. Полициите на двете земји заеднички ќе вршат […]

Албанската Влада ги прифати сите барања на студентите


Албанската Влада соопшти дека ги исполнила барањата на студентите во државните универзитети, кои овој месец ја бојкотираа наставата повеќе од две недели. Во документот се наведува дека Владата одржала вонредна седница и одлучила да ги исполни сите барања на студентите. Таксите за студирање ќе бидат намалени за најдобрите студенти, кои ќе добијат 10.000 леки (92,5 […]

Повици до Албанија да се откаже од законот за онлајн медиуми


Четири меѓународни медиумски организации денеска ја повикаа албанската Влада да се откаже од два предлог-закони за државна регулатива и обврзна регистрација за онлајн медиуми, кои планира да ги усвои со цел борба против лажните вести. Во писмо до премиерот Еди Рама и министерката за правда Етилда Ѓонај, Европскиот центар за слобода на медиуми, Европската федерација […]

За 15 години 330.000 Албанци станале државјани на земјите на ЕУ


Од 2002, па до крајот на минатата година, околу 330.000 албански државијани кои живеат надвор од земјата, земале државјанство на некоја од државите членки на Европската Унија, потврди европската статистичка служба Еуростат. Грција и Италија се двете земји кои доделиле најголем број државјанства на албанските емигранти. Така, околу 150.000 албански граѓани добиле грчко, а околу […]

Тачи: Подготвен сум за дијалог, иако Србија е геноцидна држава


Приштина е подготвена за продолжување на дијалогот со Србија, иако таа е „геноцидна  држава со која Косово има вековно непријателство“, изјави денеска косовскиот претседател Хашим Тачи. Тој нагласи дека Србије е одговорна за убиството на над 13.000 цивили и за силување на 20.000 Албанки. – Но, и покрај тоа, Косово израсна во независна и суверена […]

Најмалку тројца загинати во снежна бура во Турција


Најмалку три лица загинаа, а 55 се повредени во две автобуски несреќи во Кирсехуир, Централна Турција и во Анкара, кои се погодени од обилни снежни врнежи. Во автобуската несреќа во Кирсехир меѓу жртвите, едно е дете, а повредени се 35 луѓе, од кои шестмина во критична состојба. Во слична несреќа во близина на Анкара, повредени […]

(ВИДЕО) Бања Лука протестира за правда за убиеното момче: Полиција ги уапси неговите родители


Полицијата на Бања Лука и припадници на специјална единица на МВР на Република Српска го блокираа Плоштадот на Краина и го означија со жолта лента. Полицијата им забрани на сите да се доближат до местото на кое се наоѓа слика од убиеното момче Давид Драгичевиќ, која подоцна припадниците на градската хигиена ја отстранија од Плоштадот […]

Во Солун приведени 44 илегални мигранти


Грчката полиција претпладнево во Солун приведе 44 илегални мигранти и двајца осомничени организатори на нивниот транспорт. Полицајците ја спровеле акцијата откако пред едно складиште забележале паркиран сомнителен камион. Додека траела проверка на каминот, од складиштето излегол еден 34-годишен странски државјанин, а набргу потоа бил откриен и негов 27-годишен сонародник. При претресот на складиштето полиајците ги […]

Харадинај: Таксата на производите од Србија нема да се укине


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај и порача на својата српска колешка Ана Брнабиќ дека се додека Србија продолжува да работи против Косово, таксата од 100 отсто на увозот на српски производи нема да се укине, јави дописникот на МИА од Приштина. Српската премиерка изјави за РТС дека Белград ќе биде подготвен да го продолжи дијалогот со […]

Тачи: По договорот меѓу Македонија и Грција, на ред е оној меѓу Косово и Србија


Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека по договорот што го постигнаа Македонија и Грција, сега е ред истото да го направат и Косово и Србија, јави дописникот на МИА од Приштина. Тачи во интервју за телевизијата Клан Косова изјави дека меѓународната заедница очекува од двете земји да постигнат договор и дека Косово не смее да […]

По Косовците, граѓаните на Македонија најбројни посетители на Албанија


Во периодот јануари-ноември годинава, Албанија ја посетиле 16,2 отсто повеќе странци, споредено со истот период минатата година, при што и понатаму најбројни се косовските и граѓаните на Македонија. Според државниот Институт за статистика во извештајниот период во Албанија престојувале 5.646.104 странци. Од вкупната бројка дури 640.104 лица се македонски граѓани, што е за 5,9 отсто […]

Косово усвои нацрт-закон за дијалогот со Србија


Владата на Косово на денешната седница го усвои нацрт-законот за задачите, одговорностите и надлежностите на државната делегација во процесот на дијалогот со Србија. Премиерот Рамуш Харадинај изјави дека нацрт-законот не задира во надлежностите на претседателот на државата Хашим Тачи во дијалогот. – Законот не навлегува во надлежностите на претседателот, туку само му дава законски основа […]