(ВИДЕО) На ХРТ изведувачи пееја „За добра стара времена“ со нацистички шлемови на главите


Хрватската национална телевизија ХРТ вчера ја емитуваше емисијата „Низ убавата наша“ снимена во Риека. Станува збор за забавна емисија која ја води Бранко Уводиќ со години и која се заснова на изведба на музички нумери пред публика.

Вчерашната емисија беше тематски посветена на карневалите, а некој од ХРТ проценил дека таквата тематика е доволна причина за да се повика група која се појави со нацистички шлемови со ознаката „СС“ на нивните глави.

Станува збор за еден вид музички изведби во кои дел од членовите дојдоа на сцената облечени во нацистички униформи, а други во партизански униформи, по што симулираа борба, но исто така на крајот и играа оро.

Потоа ги пееја песните „Nećemo noćas doma” i „Za dobra stara vremena“.