Таткото што си ги фрли децата, веќе бил осуден за злоупотреба на децата


Јосип Роџак (54) од Паг, таткото на четирите малолетни деца, кои ги фрли од првиот кат на својата куќа и неговата сопруга Катица во 2017 година биле осудени за негрижа кон децата. Тој факт требало да биде аларм, пишуваат хрватските медиуми.

Роџак ги фрли своите деца од првиот кат од семејната куќа при што едното дете има сериозни физички повреди. Овој морбиден обид за убиство го извршил под условна казна.

Како што јавуваат хрватските медиуми, во 2017 година Општинскиот суд во Задар го осудил Јосип Роџак на една година затвор со рок на условна казна од три години, која во ноември станала конечна. Од истиот суд била осудена и неговата сопруга. Двајцата се казнети поради кривични дела против бракот, семејството и децата, поради негрижа и злоупотреба на детските права.

Центарот за социјална работа во Задар, последен пат интервенирал кај семејството Роџак минатата година, изјавила директорката на Центарот, Весна Бурчул.
Интервенцијата следела по пријава од највозрасното девојче во семејството, кога тргнало во училиште, било откриено дека има проблеми со говорот, како и дека не можело да ги контролира физиолошките потреби и носело пелени.

Таткото, кој работел како ноќен чувар, во четвртокот си ги фрли четирите деца од првиот кат на куќата. Две деца се со полесни повреди, а едното девојче има тешки повреди на главата и се наоѓа во критична состојба. Четвртата сестра исто така има сериозни повреди.

На монструозниот татко му се заканува казна затвор до 50 години.