(Видео) Протести во Тирана: Илјадници демонстранти ја опколија зградата на Парламентот


Неколку илјади демонстранти, повеќето приврзаници на опозицијата, ја опколија зградата на парламентот во Тирана, барајќи оставка од владата и распишување вонредни парламентарни избори.
Демонстрантите ја обвинуваат владата за корупција и за врски со криминалот. Зградата на парламентот ја обезбедуваат стотици полицајци, како и бодликава жица.
Агенцијата Ап потсетува дека демонстрантите во текот на претходните протести ја гаѓаа полицијата со солзавец.
Тирана од утрово практично беше под полициска опсада, поради закажаната парламентарна седница и опозицискиот протест, а мнозинството пратеници почнаа да доаѓаат во Собранието еден час порано пред почетокот на седницата, со цел да избегнат средба со демонстрантите.
Медиумите известуваат дека граѓаните не смеат слободно да се движат низ улиците на албанскиот главен град, а силни полициски сили ги блокираа пешаците и минувачите меѓу Уметничката галерија и Министерството за внатрешни работи.
Албански медиуми информираат дека секој кој сака да мине низ „забранетата зона” мора на полицијата да и покаже документ за лична идентификација.