Грабар-Китаровиќ ги одликуваше Готовина и Маркач


Хрватскиот претседателка и врховен командант на вооружените сили на Република Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, за време на церемонијата по повод Денот на победата и татковинската благодарност и Денот на хрватските бранители, пензионираните генерали-полковници Анте Готовина и Младен Маркач ги одликува со ордени, објави од канцеларијата на хрватската претседателка, а пренесува „Индекс.хр“.

Врз основа на нејзините уставни и законски овластувања, на предлог на вицепремиерот и министер за одбрана, претседателката Колинда Грабар-Китаровиќ донесе одлука за одликување и пофалби за членовите на Војската на Хрватска.

Таа одликуваше 14, промовираше 96 офицери, од кои 24 се жени, и пофали осум членови на Војската на Хрватска.

На генералите Готовина и Маркач им се судеше во Хаг за воени злосторства на територијата на Босна и Херцеговина за време на војната во Југославија.