Телефонски разговор на Вучиќ и Хан за ситуацијата во Косово


Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска имаше телефонски разговор со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан за ситуацијата во Косово. Тие се согласиле дека треба да бидат сочувани мирот и стабилноста. Вучиќ оцени дека Србија секогаш се однесува сериозно и одговорно, посочувајќи ги провокациите од Приштина како закана за безбедноста на Србите во Косово. Како што соопшти …

Телефонски разговор на Вучиќ и Хан за ситуацијата во Косово Read More »

Коцијанчиќ: ЕУ внимателно го следи развојот на ситуацијата во Косово


Европската унија внимателно го следи денешниот развој на ситуацијата во Косово и е во постојан контакт со различни страни, изјави Маја Коцијанчиќ, портпарол на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини. – Сите одговорни институции во Косово мора во целост да се придржуваат до владеењето на правото, порача Коцијанчиќ. Повторувајќи ја …

Коцијанчиќ: ЕУ внимателно го следи развојот на ситуацијата во Косово Read More »

Црна Гора: Обвинета за „државниот удар“ од судот побегнала во српката амбасада


Откако Вишиот суд во Подгорица донесе решение за притвор на Бранка Милиќ, обвинета за обид за тероризам за време на парламентарните избори во Црна Гора на 16 октомври 2016 година, таа ја напушти судската зграда и избега во српската амбасада. Судот и одреди мерка притвор поради опасноста од бегство, бидејќи на судењето изјави дека повеќе …

Црна Гора: Обвинета за „државниот удар“ од судот побегнала во српката амбасада Read More »

Харадинај: Таксата нема да се укине!


Косовскиот премиер Рамуш Харадина, по денешната средба со амбасадорите на Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Германија, Франција и Италија, изјави дека таксата што неговата Влада ја воведе за производите од Србија и Босна и Херцеговина нема да се укине и нагласи дека прехранбените продукти се загарантирани за сите во земјата. Харадинај ги информирал амбасадорите од …

Харадинај: Таксата нема да се укине! Read More »

Катругалос: Немам никаков сомнеж за ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент


Убеденост дека Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент, велејќи дека „нема никаков сомнеж за тоа“, изрази алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, говорејќи од Солун, од четвртиот министерски состанок, во интервјуто за третиот канал на грчката државна телевизија ЕРТ. – Немам никаков сомнеж дека Договорот од Преспа ќе биде …

Катругалос: Немам никаков сомнеж за ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент Read More »

Двајца од уапсените во северна Митровица се полициски службеници


Косовската полиција, во соопштението по повод утринската акција на специјалните единици РОСУ во северна Митровица, објави дека двајца од четворицата уапсени се полициски службеници, јави дописникот на МИА од Приштина. Исто така се наведува дека тројца се упасени како осомничени за кривично дело „тешко убиство“, додека четвртото лице е приведено поради пружање отпор и спречување …

Двајца од уапсените во северна Митровица се полициски службеници Read More »

Косовски медиуми: Состојбата на северот на земјата е мирна


Приштинските медиуми јавуваат дека состојбата во северниот дел на земјата, по акцијата што утрово ја спроведоа специјалните полициски единици на Косово во северна Митровица, во која се уапсени четири лица, полека се смирува и веќе не се чувствува тензија како утрово. Екипи на порталот „Газета Експрес“ и на телевизијата Т7 јавуваат дека во северна Митровица …

Косовски медиуми: Состојбата на северот на земјата е мирна Read More »

Четворица уапсени за убиството на Оливер Ивановиќ


Владата на Косово објави дека денешната акција за апсење на четири лица е во врска со убиството на Оливер Ивановиќ, еден од лидерите на косовските Срби, и нема врска со актуелните политички случувања, јави дописникот на МИА од Приштина. Според соопштението на косовската Влада, акцијата е спроведена по налог на Специјалното обвинителство на Косово и …

Четворица уапсени за убиството на Оливер Ивановиќ Read More »

Мета апелира на разум по хаосот во Албанија


По денешните насилни протести пред албанскот парламент и вечерашното блокирање на улици, албанскиот претседател Илир Мета побара итно Владата да разговара со жителите од населбата Астир и да се најде решение за проблемот. „Претседателот со посебно внимание и загриженост ги следи случувањата и го осудува насилството што се манифестираше на протестот пред зградата на парламентот. …

Мета апелира на разум по хаосот во Албанија Read More »

Кредиторите на Грција одобрија пакет за олеснување на нејзиниот долг


 Спасувачкиот фонд на еврозоната го одобри денеска спроведувањето  на големиот план за олеснување на грчкиот долг, кој треба да и даде на Атина можност да наталожи значителни заштеди за неколку децении. Мерките вклучуваат подобри каматни услови и исплата на одложени плаќања, кои првично беа договорени во јуни. Советот на директори на Европскиот фонд за финансиска …

Кредиторите на Грција одобрија пакет за олеснување на нејзиниот долг Read More »

Босанец обвинет за воени злосторства изврши самоубиство


Миќо Праштало, наречен Кудра, кој е обвинет за воени злосторства на подрачјето на Клуч и Сански Мост, изврши самоубиство во близина на Сански Мост, објави бањалучкиот весник „Независне новине“. Весникот објави дека Праштало (74), најверојатно, синоќа пукал во себе од ловечки пушка. Полицијата во Унско-Санскиот кантон потврди дека во областа Раданово, во близина на Сански …

Босанец обвинет за воени злосторства изврши самоубиство Read More »

Катругалос: Балканот од буре барут во Европа да биде регион што праќа позитивни пораки


Во пресрет на министерскиот состанок во Солун, кој почнува вешерва, а на кој ќе учествува и шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос говореше во интервју за грчкото радио „Сто кокино“. Катругалос, кој ќе биде домаќин на министрите од Македонија, Албанија и Бугарија, вели дека намерата е …

Катругалос: Балканот од буре барут во Европа да биде регион што праќа позитивни пораки Read More »

(ВИДЕО) Хаос во Тирана: Судир меѓу полицијата и демонстрантите


Заменик-директорот на полицијата во Тирана и шест други полицајци беа повредени на протест во Тирана организиран од жителите на областа Астир за изградба на пат. Имено, жителите на тој дел од Албанија се спротивставуваат на продолжувањето на проектот за патот „Голем прстен“ и бараат целосна компензација за уривање на куќите поради проектот. Заменик-директорот на полицијата …

(ВИДЕО) Хаос во Тирана: Судир меѓу полицијата и демонстрантите Read More »

Вучиќ: Со мене нема да го видите „случајот Груевски“


Ќе бидам со својот народ се додека сум негов избор, а потоа ќе живеам во својата земја, бидејќи друга немам. Никогаш нема да заминам од државата и нема да го видите „случајот Груевски“ или нешто слично, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ по повод потегот на Приштина и ставот на Брисел и некои западни центри на …

Вучиќ: Со мене нема да го видите „случајот Груевски“ Read More »

Коцијанчич: Приштина да ги повлече мерките, сите да се воздржат од провокации


Пораката на Брисел во врска со зголемувањето на царините за српските стоки при увоз во Косово е дека очекува Приштина да ги повлече тие мерки, а обете страни да се воздржат од провокации, изјави Маја Коцијанчич, портпаролка на високата претставничка за безбедносна и надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини. Таа ги отфрли критиките од Приштина …

Коцијанчич: Приштина да ги повлече мерките, сите да се воздржат од провокации Read More »

(ВИДЕО) Косовците палат српски производи револтирани што не влегоа во Интерпол


На социјалните мрежи се појавија видеоснимки од револтирани косовски граѓани што Косово не стана членка на Интерпол. Поради тоа, во Качаник се организираше масовно палење на српски производи. Во огнот се најдоа негро-бонбони, чоколади, тоалетна хартија… На снимката може да се види кутија со различни српски производи, меѓу кои чоколади и хигиенски производи како горат. …

(ВИДЕО) Косовците палат српски производи револтирани што не влегоа во Интерпол Read More »

Насилни протести пред албанскиот Парламент


Протестите пред албанскиот Парламент на жителите од населбата „Астир“ во Тирана, чии домови треба да бидат урнати заради изградбата на нова обиколница, ескалираа кога учесниците на протестот се обидоа насилно да влезат во законодавниот дом, каде се дебатира за ова прашање. Со употреба на тврди предмети и протехнички средства повредени се 12 полицски службеници. Демонстантите …

Насилни протести пред албанскиот Парламент Read More »

Унгарска Влада: ЕК пишуваше за нехумани услови во затворите во Македонија


Портпаролот на Владата на Унгарија, Золтан Ковац, му одговори на еврокомесарот Јоханес Хан, кој побара разумно или солидно објаснување од премиерот Виктор Орбан зошто му е доделен политички азил на поранешниот премиер Никола Груевски. „Разумно објаснување? Почнете со читање на вашиот извештај за Македонија од март 2018 година за ризиците од политичко мешање во судството …

Унгарска Влада: ЕК пишуваше за нехумани услови во затворите во Македонија Read More »

Бујановац го сместивме во Косово, Србите бесни


Лапсус, невнимание или незнаење уште еднаш ги разжестија македонско-српските односи. Белградските весници ја прераскажуваат случката на Горан Стевановиќ од селото Жбевац кај Бујановац, кому матичарите од Скопје му издале официјален документ за смртта на татко му, според кој малото гратче на југот од Србија се наоѓа во Косово. „Малку е да кажам дека сум збунет. …

Бујановац го сместивме во Косово, Србите бесни Read More »

„Катимерини“: Дипломатски канал на комуникација меѓу Скопје и Атина за уставните измени


Постои отворен дипломатски канал на комуникација меѓу Атина и Скопје, за да се избегнат можни варирања од духот на Договорот од Преспа во уставната ревизија што е во тек во ПЈРМ, пишува грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина. Според весникот, повод за ова е дискусијата за одредени точки во предлог амандманите, а …

„Катимерини“: Дипломатски канал на комуникација меѓу Скопје и Атина за уставните измени Read More »