Вучиќ: Со мене нема да го видите „случајот Груевски“


Ќе бидам со својот народ се додека сум негов избор, а потоа ќе живеам во својата земја, бидејќи друга немам. Никогаш нема да заминам од државата и нема да го видите „случајот Груевски“ или нешто слично, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ по повод потегот на Приштина и ставот на Брисел и некои западни центри на моќ, за кои тој смета дека имаат желба да го соборат него и Србија.

– Нема да бегам од земјата, ниту поради Харадинај, ниту поради сите странци кои сакаат од Србија да направат „банана држава“ и да не може да донесува самостојно одлуки, истакна Вучиќ, додавајќи дека на примерот со Интерпол можело да се види дека Србија е многу потврд орев отколку што мислеле.

Кога станува збор за Приштина, тој смета дека таа очевидно ќе се обидува „секој ден да не доведе до точка од која нема враќање“.