Во Србија потврден првиот случај на Западнонилска треска


Во Србија лабораториски е потврден првиот случај годинава на лице заболено од Западнонилска треска, болест што ја пренесуваат комарците. – Пациентот е 84-годишна жена од Белград која има хронични болести, соопшти Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“. Западнонилската треска е вирусна се пренесува со убод на заразен комарец. Преносителот е комарецот „Culex pipiens“. …

Во Србија потврден првиот случај на Западнонилска треска Read More »

Тадиќ: Обвинителството да покрене постапка за прислушувањето


Поранешниот српски претседтел и лидер на Социјалдемократската странка (СДС), Борис Тадиќ, денеска ја одржа својата трета прес конференција по повод „аферата прислушување“ на која изјави дека обвинитилеството ако не покрене постапка за тоа кој кого прислушувал, ќе покаже дека е под апсолутна контрола на Александар Вучиќ. -Сè што Вучиќ кажа за мене и за прислушувањето …

Тадиќ: Обвинителството да покрене постапка за прислушувањето Read More »

Харадинај ја поздрави одлуката за распуштање на Парламентот


Поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај ја поздрави денешната одлука на претседателството на парламентот за датум на распуштање на тоа законодавно тело. Харадинај изјави дека одлуката на собраниското претседателство за одржување расправа на 22 август за распуштање на тоа тело е „соодветна и согласно законите и Уставот“. Со одлуката, според Харадинај, трасиран е патот на изборниот …

Харадинај ја поздрави одлуката за распуштање на Парламентот Read More »

„Шлаканица“ од претседателот Мета за Рама и за Баша: Во опасност интеграцијата на земјата во ЕУ


Албанскиот претседател Илир Мета ги критикуваше премиерот и опозицијата за екстремните ставови во врска со решавањето на кризата во која со месеци се наоѓа земјата. Самозадоволството на политичките лидери, според шефот на државата, ги затвора шансите на Албанија за започнување преговори и е закана за институционалната демократија. -Имагинарните „победи“ на (Еди) Рама и (Љуљзим) Баша …

„Шлаканица“ од претседателот Мета за Рама и за Баша: Во опасност интеграцијата на земјата во ЕУ Read More »

Комисија: Нема докази дека бугарскиот претседател имал судир на интереси


Бугарската Комисија за борба против корупција и незаконски стекнат имот заклучи дека претседателот Румен Радев немал судир на интереси, со што ја заврши процедурата против него. Комисијата постапи по пријава дека Радев ја злоупотребил службената положба додека бил командант на воздухопловните сили, договарајќи две работни места за својата идна сопруга, иако едно од нив било …

Комисија: Нема докази дека бугарскиот претседател имал судир на интереси Read More »

Дендиас: Посакуваме да имаме одлични односи со сите соседи


Грција посакува секогаш да биде во јадрото на Европа, да има одлични односи со сите соседи и да биде фактор на стабилност и безбедност во регионот, рече шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас по потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу Министерството за надворешни работи и Министерството за одбрана на Грција за формирање Дирекција за одбранбена …

Дендиас: Посакуваме да имаме одлични односи со сите соседи Read More »

Грабар-Китаровиќ индиректно најави кандидатура за уште еден мандат


Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ денеска од Книн индиректно најави кандидатура за уште еден мандат за шефица на државата. – Денеска сум овде како претседателка на републиката, ќе се гледаме и во следните пет години, рече Грабар-Китаровиќ пред новинарите на одбележувањето на годишнината од „Бура“. Претходно, и премиерот Андреј Пленковиќ, изјави дека Грабар-Китаровиќ за својата кандидатура …

Грабар-Китаровиќ индиректно најави кандидатура за уште еден мандат Read More »

Ердоган најави операција против Курдите во Сирија


Турската војска ќе спроведе операција источно од реката Еуфрат, во северниот дел на Сирија, во зоната под контрола на курдските Сили за заштита на народот, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Тој истакна дека за акцијата се веќе информирани САД и Русија. – Влеговме во Африн, Јараблус и Ал Баб. Сега ќе влеземе источно од …

Ердоган најави операција против Курдите во Сирија Read More »

Во Грција за 13 часа регистрирани 44 шумски пожари


Грција – Во текот на вчерашниот ден, од шест часот наутро заклучно со 19 часот по локално време во цела Грција биле регистрирани 44 шумски пожари, а интервенирале 382 вкупно пожарникари со 156 возила, пет големи и четири мали авиони и пет хеликоптери, соопшти грчката Противпожарна служба. Сѐ уште е активен и не е ставен целосно …

Во Грција за 13 часа регистрирани 44 шумски пожари Read More »

Во Белград одржан 35. протест „Еден од пет милиони“


Србија – Во Белград како и секоја сабота, синоќа се одржа 35. протест „Еден од пет милиони“. Протест се одржа неколку дена откако почна дијалогот на Факултетот за политички науки меѓу претставниците на власта и опозицијата за изборните услови. Претседателот на Движењето за пресврт и еден од лидерите на Сојузот за Србија (СзС), Јанко Веселиновиќ, …

Во Белград одржан 35. протест „Еден од пет милиони“ Read More »

„Не грижи се, Морина, нема да бидеш испорачан“


Српските медиуми посветуваат големо внимание на случајот со косовскиот државјанин Томор Морина, кој беше притворен во Македонија поради потерница од Интерпол и барање на српските власти за злосторства во Косово во 1999 година. Белградски „Б92“ со наслов: „Не грижи се, Морина, нема да бидеш испорачан“ пишува за изјавите на вицепремиерот Бујар Османи, кој, практично се …

„Не грижи се, Морина, нема да бидеш испорачан“ Read More »

На албанско-грчката граница откриена група ирачки мигранти, меѓу нив и деца


Албанската гранична полиција во соработка со Фронтекс откри 21 мигрант, сите државјани на Ирак, кои на албанска територија влегле преку зелениот појас на границата со Грција. Управата на граничната полиција потврди дека нивна цел била само транзит да ја минат територијата на Албанија и да го продолжат патот кон земјите на Европската Унија. – За …

На албанско-грчката граница откриена група ирачки мигранти, меѓу нив и деца Read More »

Во Србија меѓусебни обвинувања на власт и опозиција за аферата прислушување


Во Србија и денеска продолжуваат меѓусебните обвинувања околу аферата за прислушување, следење и „шпионирање“ меѓу власта и опозицијата, тема која ја почна опозицијата и за која вчера српскиот претседател, Александар Вучиќ, симнувајќи ја ознаката за тајност на документи на тајните служби, докажуваше дека тој бил прислушуван 24 години. – Тие мене ме напаѓаат бидејќи се …

Во Србија меѓусебни обвинувања на власт и опозиција за аферата прислушување Read More »

Мустафа реизбран на чело на Демократскиот сојуз на Косово


Досегашниот лидер на Демократсјиот сојуз на Косово (ЛДК), Иса Мутафа денеска, на деветтото Изборно собрание на ЛДК, е повторно избран за лидер на на таа најголема косовска опозициска партија, јави дописникот на МИА од Приштина. Мустафа го освои мнозинството гласови од 354-те учесници на Собранието, делегирани од општинските ограноци на партијата. Пред почетокот на изборниот …

Мустафа реизбран на чело на Демократскиот сојуз на Косово Read More »

Грчката полиција заплени над 128 тони обработен и суров тутун


Грчката полиција разби криминална група која складирала и преработувала шверцувани тутунски производи, уапсени се 10 лица и запленети над 128 тони обработен и суров тутун, jави дописничката на МИА од Атина. Тутунот бил пронајден во три магацини, а бил наменет за производство на шверцувани цигари и нелегална продажба и извоз во странство и во земјите …

Грчката полиција заплени над 128 тони обработен и суров тутун Read More »

Деморатскиот сојуз на Косово избира претседател


Најголемата косовска опозициска партија, Демократскиот сојуз на Косово денеска (ЛДК) денеска ќе го одржи своето 9. Изборно собрание, на кое треба да избере нов претседател на партијата, јави дописникот на МИА од Приштина. Партиските раководни структури вчера и завчера одржаа консултативни состаноци, на кои се обидоа да постигнат договор за консензуален кандидат, меѓутоа не истапија …

Деморатскиот сојуз на Косово избира претседател Read More »

Разрешена министерката Андронеску поради коментар за убиената девојка


Романската премиерка Вјорика Данчила изјави дека ја сменила министерката за образование Екатерина Андронеску поради нејзината неодамнешна несоодветна изјава за случајот со убиената девојка. Данчила на Фејсбук објави дека ставовите на Андронеску одразуваат „неодговорен став“ и „недостиг од разбирање“ по повод силувањето и убиството на 15-годишната девојка, која била киднапирана откако стопирала. Андонеску изјави дека неа …

Разрешена министерката Андронеску поради коментар за убиената девојка Read More »

Албанско државјанство и пасош за сите Албанци по род


Албанската Влада на последната седница, го усвои Предлог-законот „За државјанство“, кој содржи неколку суштински измени, како што е членот 6 каде се предвидува „Стекнувањето на државјанство врз основа на потекло“. Со ова им се овозможува на Албанците кои живеат надвор од територијата на албанската држава, како во соседните земји и во дијаспората, да добијат албанско …

Албанско државјанство и пасош за сите Албанци по род Read More »

Стефановиќ: Северна Македонија ќе го прекрши меѓународното право ако не го испорача Морина на Србија


Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ изјави дека не може да верува оти Северна Македонија нема да го екстрадира Тимор Морина, бидејќи тоа би било непочитување на меѓународното право. -Сите земји што се дел од Интерпол треба да се придржуваат кон меѓународните прописи. Северна Македонија треба, врз основа на потерницата и документите, кои Србија …

Стефановиќ: Северна Македонија ќе го прекрши меѓународното право ако не го испорача Морина на Србија Read More »

Шпанија: Србин му го пресече вратот на сограѓанин пред очите на туристи


  Во шпанското летувалиште Коста дел Сол тешко е повреден државјанин на Србија кога маж, исто така од Србија, со кујнски нож му го пресекол вратот. Грозоморниот чин се случувал на балкон на трет кат во една зграда недалеку од пристаниѓтето Дукеса, пред очите на престрашени британски туристи, пишува порталот „Olivepress”. Мажот бил во долна …

Шпанија: Србин му го пресече вратот на сограѓанин пред очите на туристи Read More »